Светот е полн со чудовишта, а ова се легендите за нив

Луѓето тврделе дека имаат видено чудовишта уште од времето кога почнаа да комуницираат. Ови приказни, вистински или лажни, најверојатно нема да запрат во скоро време. Светот е полн со чудовишта, а ова се легендите за нив.

Tag Vandren – шетачите на покривите

1

Tag Vandren , во слободен превод, шетачите на покривите се скандинавска урбана легенда. Наводно тие скокаат од покрив до покрив. Опишани како убави луѓе со долги екстремитети и блескави портокалови очи. Тие или носат црни наметки или имаат црна кожа.

Малиот црвен човек

2

Според француските легенда, човек по име Жан работел како касап во близина на Tuileries за време на владеењето на Катерина де Медичи (1547 до 1559). Жан очигледно знаел премногу поради што бил погубен кога се закани дека ќе открие голем број на тајни. Во неговата егзекуција, Жан се заколна дека ќе воскресне од мртвите. Духот на Жан, грбав и облеан во крв, повторно се појавил да ја прогонува Катерина. Малиот црвен човек продолжува да прогонува, а обично се појавува во пресрет на голема катастрофа.

Hachishakusama

3

Приказната за Hachishakusama, што грубо се преведува како “висока жена “, е интернет легенда од Јапонија, која за прв пат е објавена во 2008 година. Според раскажувачот, тој бил во посета кај неговите баба и дедо во едно мало село, кога видел чудна жена, ненормално висока која се смеела на некој чуден начин.

Am Fear Liath Mor

4

Во Шкотска во 1925 година, почитуваниот научник и планинар објави дека избегал од непознато нешто што го пратело низ маглата. Други алпинисти, кои претходно се плашеле да бидат исмејувани, потоа објавиле дека тие, исто така, доживеале нешто слично. Суштеството е наречено Am Fear Liath Mor или големиот сив човек.

Духовите на Канбера

5

На 13 август 1940 година, десет лица, меѓу кои и четворица австралиски владини претставници, загинаа кога нивниот авион се удри во рид. На местото на несреќата наводно можат да се видат светла кои чудно трепкаат и да се чуе звук на авион.

Ѕверот од Barmston Drain

6

Во Хул, Англија, во мај 2015 година, луѓето почнаа да пријавуваат дека виделе голем, влакнест ѕвер во близина воден пат наречен Barmston Drain. Ѕверот бил висок 2,4 метри. На 29 август 2016 година, една жена и двајца пријатели возеле низ шумата земјата, кога еден од нив приметил некое животно, за кое мислел дека е лисица, веднаш до патот. Тие виделе суштество прекриено со сиво крзно, поголемо од автомобилот, со човечко лице. Во паника избегале, а суштеството се уште демне во темните предели на шумите во Хул.

Категории
Шуш - Буш

ПОВРЗАНО