Старата црква на планината Перун во Хрватска ја уништуваат громови

Во близина на Сплит, Хрватска постои посебна планина која го носи името на словенскиот бог Перун. На оваа планина се случувале чудни работи во текот на ноќта, далеку од светлата на градот и далеку од новите богови и светци.

Колку богови можат да се пофалат со фактот дека целата планина го носи нивното име? Перун може да се пофали со многу вакви работи. За старите Словени, планината Перун не само што беше именувана според богот на громот, туку, исто така, се верувало дека се работи за свето место. На врвот на планината постои и статуа посветена на Перун. Иако денес не можат да се пронајдат докази, постојат многу гласини дека на ова место се одржувале ритуални жртвувања.

perun2

Со доаѓањето на христијанството на овие диви и магични места, Црквата ги замени боговите со своите светци. Така Перун стана Св. Ѓорѓи.Така на планината Перун денес се наоѓа црква на Свети Ѓорѓи кој ја слави победата над големата змија (според словенската приказна за борбата на Перун против Велес).

perun1

Што е друго интересно за ова место? Метеоролошките феномени. Не ме изненадува што врвот посветен на Перун редовно го маваат грмотевици и молњи, се чини дека новиот храм е навреда за Перун, па тој одлучи да направи нешто околу тоа.

И така Семоќниот Перун ја започнаа својата целосна одмазда. Имено, оваа мала црква веќе неколку децении има проблеми со громови, поради што била оштетена многу пати, и поправана речиси исто толку пати. Но, се чини дека ништо не му одговара на Перун. Денес е црквата уништена, останати се само рушевини. Свети Ѓорѓи ја изгуби битката со Перун кој успеа да го избрка од планината.

Категории
Шуш - Буш

ПОВРЗАНО