Теории на заговор кои се појавија на интернет

Со текот на годините сме слушнале и прочитале за разни теории на заговор, некои повеќе, некои помалку луди. Ова се некои од најпознатите теории на заговор кои некогаш биле хит на интернет.
Некои од овие теории се веќе стари, а некои се нови.

Џорџ Х. В. Буш е нацист испратен да ја уништи Америка

Ако сакаме да верувате дека постариот Џорџ Буш е всушност нацистичка марионета испратена да ја уништи САД е само едно од објаснувањата на неговиот претседателски мандат.
Како што тврдат приврзаниците на оваа теорија, особено Џорџ Шериф.

САД се на работ на уште една граѓанска војна а владата го знае тоа

Одделот за безбедност наводно купи муниција за 450 милиони долари, тајните концентрациони логори веќе се изградени низ целата земја и сл.

Втората светска војна е одглумена

Втората светска војна е одглумена, но не и исходот. Наводно целата војна била фарса осмислена од страна на Илуминатите, уствари, Втората светска војна не се ни случи. Дејвид Ричардс тврди дека “официјалната верзија на Втората светска војна се урна како кула од карти.” Тој тврди дека се работи за заговор на Илуминатите кои преку нивните медиуми сакале да ги исплашат луѓето.

Живееме во временска коцка

Основниот принцип е неверојатно едноставен – она што го доживуваме како еден ден, всушност се четири дена кои се случуваат во исто време. Поборникот на оваа завера тврди дека е полубог со натчовечка интелигенција.

Барак Обама е антихрист

Според анкетата од 2014 година, околу 13 отсто од Американците се убедени дека Обама е антихрист, а дополнителни 13 отсто сметаат дека ова е можно.

„Ice bucket challenge“ е сатанско крштевање

Овој предизвик го испробале многу познати луѓе. Се работеше за истурање на студена вода врз главата. Целта беше да се соберат 100 милиони долари за истражување на болести. Според интернетот, всушност се работи за Сатанско крштевање, а сите оние кои истурале вода, всушност, биле регрутирани во војската на сатаната за крајот на светот.

Месечината не постои

Теоријата дека слетувањето на Месечината е фотографирано во студио под диригентската палка на Стенли Кјубрик повеќе не е хит помеѓу заговорниците на теориите на заговор. Новите заговорници тврдат дека Месечината не постои, односно дека истата е холограм. Во теоријата на Дејвид Ајк за тоа како луѓето гуштери владеат со светот веруваат најмалку 4 отсто од Американците, но во оваа приказна дури и тие не веруваат.

Категории
Шуш - Буш

ПОВРЗАНО