УРБАНИТЕ ПРИКАЗНИ НА ВОЈО Ц.

КАКО ШТО ВИ НАЈАВИВМЕ ПРЕДХОДНО УРБАНИТЕ ПРИКАЗНИ НА ВОЈО ЦВЕТАНОВСКИ СЕ ВДОМУВААТ ВО БЛА БЛА ТВ

VOJOV

„РЕТАРДИРАН СУМ“

Денес стоевме на ул. Македонија во актот „Лулашка во дворецот на велоспиедите“, Виктор и јас. Настапот течеше според вообичаеностите на еден уличен акт, забава, хумор, добронамерни луѓе, тажни, весели, скоро сите профили на едно место во кратко време, прекрасен призор, барем за мене. Така беше се’ до моментот во кој мина едно преркрасно младо момче на возраст од околу 19 – 20 години во придружба на две пријателки. Застана до нас и почна да вреска колку што го држеше гласот;

„Ретардирни сте вие бе алооо, ретардирани, пи*ка ли ви материна сељачка.“ – и почна да се смее со задоволство на лицето. По кратко си го продолжија патот, тој и девојките со кои беше, кои патем зачудено гледаа во нивниот воспитан пријател. По неколку чекори ,тој се заврте кон нас и додаде;
„Море ако ви се вратам и на двајцата да ви опнам по еден шамар и одма накај дома да ве пратам, е*ати тоа ретардираните, е*ати.“ – и заминаа.

За момент се почуствував одвратно. Срцето почна силно да ми лупа. Вдишував и издишував длабоко. За кратко се смирив.

Не е прв пат некој да исплука негативна енергија по нас кога работиме на улица, всушност многу пати се случувало сиве овие измнати години откако работам на улица и речиси сите тие случки како и да не сум ги приметил и веднаш сум заборавал на нив, но, ова го запеметив, ме погоди директно во срце, имено затоа што се случи во мојот роден град, од мој сограѓанин кој не се штедеше во навредите кои ги изговараше.

По кратко почнав да размислувам за тоа што ова нечие дете го изговори. Дојдов до заклучок дека всушност тој е и во право, да да во право е, еве јас прифакам да бидам ретардиран и секогаш ќе останам ретардиран ако тоа е потребно за доброто на уличната уметност, и тоа токму за ваквите деца кои верувам дека од немукает прават работи за кои не се ни свесни, токму тие, токму за нив ќе работиме на улица се’ до денот во кој не сфатат дека ретардираниот всушност прави нешто благородно, како за него како посетител, така и за градот во кој живееме сите заедно.

ВО НАРЕДНАТА ЌЕ ПРОЧИТАТЕ ЗА СООДНОСОТ НА СЕЉАК(НЕ СЕЛАНЕЦ) И КУЧЕ.

Категории
Шуш - Буш
53 Коментари на постот

Напиши Одговор

*

*

ПОВРЗАНО