УРБАНСКАЗ ОД ВОЈО ЦВЕТАНОВСКИ

VOJO PERO 1„ЏУКЕЛА“

„Џукелава како се вика?“ – ме прашува денес еден познаник по име Петар на чие презиме на сеќавам, кој, дотеран во костим, бела кошула и црвена кравата, залижан во косата и светнат во лицето и обувките, ме пресретна утрово во Кисела вода додека го шетав Пеце во паркот позади зграда, тој веројатно одеше на работа.
„Перо“ – му одговарам кратко и додавам; „Добро утро и на тебе.“
„Како се вика?“ – стреснат, овој пат на повисок тон, ме праша повторно овој дотеран господин.
„Перо!!!“ – му возвратив и јас со истиот тон.
„Хахахахахаха“ – почна да се смее, а во лицето му препознавав злоба, по кратко продолжи; „Како бе Војо, џукела може да има име на човек, значи не си ми јасен човече, никад не си ми бил јасен? Еве јас се викам Перо и сум …“
„ …Што си?“ – го прашав на малку повисок тон од претходниот.

VOJO PERO

Замолче. Ме гледа зачудено. Го гледам и јас, станувам се’ понервозен. Рацете почнаа да ми се тресат. Палам цигара да се смирам. Го одврзав Перо и го пуштив да трча низ паркот, за кратко се оддалечи од нас. Му пријдов на дотераниот поблиску и тивко му реков;
„Го одврзав од ланец за да не го чуе она што ќе ти го кажам, бидејки е многу чувствителен, а не сакам да чувстува грижа на совест, ососбено не денес, не сакам да гледа како заради него се расправам. Види пријател, тоа што си се скоцкал вака и си се уфилмал дека си ку*ац и пол со тоа што одиш некаде на работа сабајле во 8:30 каде до 16:30 слугуваш некому за ситниш, пу*иш ку*ови, лижеш г’зови, сигурно за помалку од 200 евра, не ти дава за право да трескаш вакви НЕБУЛОЗНИ ГЛУПОСТИ.

VOJO XUK

Тоа не те прави ништо помалку џукела од било кој друг домашен миленик или бездомно куче, ако под џукела тоа го подразбираш, кои патем за разлика од тебе, сега зборувам за уличните кучиња, со мака и мачнина доаѓаат до својата храна во текот на еден ден, а ти, ти пи*иш ку*ови за да се прехраниш во текот на еден ден, во текот на еден живот, не не, не јас тебе, ти мене секогаш си ми бил несфатлив, точно заради тоа. Мене ако ме прашаш, а и многу други, џукела е точно тоа, тоа што си ти, а не домашните миленици или кучињата бездомници кои се борат за да преживеат во ова невреме! Ај сега мрш да не те гледам, пи*ка ти материна имбецилна…“

VOJO PERO 2

Замина со трчање. Побеснат бев. Срцето ми чукаше како споулавено. Перо дојде, седна крај мене и ми рече;
„Слушнав што му кажа. Што се нервираш бе. Алоо денес полнам седум месеци, не си ги губи времето и нервите на вакви џукели, ај да идеме негде да попиеме нешто од нога.“

„Да одиме.“ – му реков.

И заминавме да славиме.

 

Категории
Шуш - Буш

ПОВРЗАНО