Хронологија на масовни убиства во САД од 1984 година

Најмалку 50 луѓе беа убиени, а 53 ранети во најмасовното убиство со огнено оружје во САД во ноќен клуб во Орландо, во државата Флорида.

Хронологија на масовни убиства во САД од 1984 година:

Декември 2015 – Пар уби 14 луѓе во простории на Агенција за социјално услуги во Калифорнија, по што полицијата ги застрела.

Октомври 2015 – Вооружен маж уби 9 луѓе на колеџ во Орегон пред полицијата да го застрела него.

Јули 2015 – Вооружен напаѓач уби пет луѓе во Центар за резервисти на американската морнарица во Тенеси.

Јуни 2015 – Вооружен напаѓач уби 9 луѓе во црква во Јужна Каролина.

Мај 2015 – Девет луѓе се убиени во пресметка меѓу ривалски мото-клубови и полиција во ресторан во Тексас.

Октомври 2014 – Напаѓач тинејџер уби четири тинејџери во средно училиште во Вашингтон, по што се самоуби.

Септември 2013 – Вооружен напаѓач уби 12 луѓе во зграда на морнарицата во Вашингтон.

Декмври 2012 – Вооружен напаѓач уби 26 возрасни и деца во основно училиште во Сенди Хук во Конектикат пред да изврши самоубиство.

Јули 2012 – Вооружен напаѓач уби 12 луѓе за време на прикажување филм во кино во Колорадо.

Јануари 2011 – Вооружен напаѓач во Аризона уби 6 луѓе и тешко ја рани Габриел Гифордс, член на американскиот Претставнички дом.

Ноември 2009 – Психијатар во американската армија уби 13 луѓе во Форт Худ во Тексас.

Април 2007 – Студент на Вирџинија Тек уби 32 луѓе пред да изврши самоубиство.

Април 1999 – Двајца ученици од средно училиште во Колумбајн убија 12 други ученици и еден наставник, по што си го одзедоа животот.

Октомври 1991 – Вооружен напаѓач влета со камионет во кафеана во Тексас и почна да пукач уби 23 луѓе пред да се самоубие.

Август 1986 – Вооружен напаѓач уби 14 поштенски работници во Оклахома.

Јули 1984 – Вооружен напаѓач уби 21 човек во Мекдоналдс во Калифорнија пред полицијата да го убие него.

извор

Категории
Шуш - Буш

ПОВРЗАНО