Detail of the central compartment of <em>The Adoration of the Mystic Lamb</em>, completed in 1432 by Jan van Eyck, where pilgrims gather to pay homage to the lamb of God. Many art historians interpret the painting's fountain as a symbol of eternal life.

10 необични идеи и теории поврзани со задгробниот живот

Од страшната форма на пеколот до идејата дека постои рајот, како и суровите казнувања кои би можеле да следат по смртта, ова се 10 необични идеи и теории поврзани со задгробниот живот во кои некои луѓе веруваат.

10. Avici: будистичките грешници веруваат дека задгробниот живот ќе го поминат заглавени во подземната коцка која се наоѓа среде езеро исполнет со оган.

9. Мостот Cinavat: Според зороастризмот, после смртта луѓето се наожаат на мостот на кој се решава дали живееле како добри личности. Ако грешелемостот се врти надолу, а грешниците се принудени да јадат расипано месо.

8. Irkala: Според вавилонскиот мит, телото после смртта и понатаму се распаѓа во овој свет, а починати јадат прашина и кал цела вечност, надгледувани од чувари.

7. Jahanam: Во овој исламски концепт на пеколот казните вклучуваат дерење на кожата и дупчење на черепот.

6. Diju: Според кинеската митологија, душата мора да преговара за нејзиното помилување на планината на ножевите и во светот на мразот. Дури и по смртта, душата може да умре повторно.

5. Ацтеки: Тие веруваат дека по смртта можат да бидат испратени во еден од трите можни загробни светови, во зависност од тоа како починале. Оние кои умираат од старост одат во блага верзија на пеколот, додека оние кои биле жртвувани одат во некоја форма на рајот.

4. Растафаријанци: растафаријанците веруваат дека по смртта ќе останат да живеат во истото тело и дека ќе живеат во Зион, земја која се смета за рај.

3. Почитување на предците: Многу африкански племиња веруваат дека нивната душа после смртта и понатаму е “дома” и влијае на животите на нивните роднини. Ако кон телото на починатиот не се однесувате со почит, тоа може да предизвика проблеми како што се неплодност или смрт во семејството.

2. Античкиот Египет: Тие практикувале мумификација, сметајќи дека органите продолжуваат да живеат и по смртта.

1. Sokushinbutsu: будистите практикувале само-мумификација, што значи дека се закопувале самите себеси во гробовите. Тие што биле пронајдени после 1000 денови како мумии се сметале за едно со Буда.

Категории
Шуш - Буш

ПОВРЗАНО