Корејски шаманизам – силата во движењето

Корејскиот шаманизмот опфаќа магија и верски обреди. Во овие обреди фокусот е на индивидуалното искуство на шаманот, како и на наследните способности на шаманот да контактира со духовниот свет, населен со различни шамански богови.

0297227ed911b3939754495e64ca0f33

Со својата историја од околу пет илјади години, шаманизмот е најстариот систем на верување во Кореја. Корејците се согласуваат дека нивната шаманска традиција потекнува од Централна Азија.

Иако едно време шаманизмот се сметал за еден вид на “ниска” народна култура, истиот никогаш целосно не исчезна во Кореја. Денес се шаманските ритуали сé уште дел од секојдневниот живот, како во рурарното така и во урбаното опкружување. Изведување на градежните работи на модерните облакодери, на пример, се отвора со шаманските обреди, исто така и некоја класична музика и танц во својата изведба имаат шамански влијаниа.

manshin-ten-thousand-spirits

Може да се стане шаман на два начина – да си роден во семејство шамани, овој вид на наследен шаманизам се нарекува “sseseupmundang“. Вториот начин да се стане шаман е преку мистично искуство или т.н. “шаманска болест” (sinbyeng), по што е потребна церемонијална иницијација. Овој вид на шаман, избран од страна на духовите, се нарекува “gangsinmudang“. Корејските шамани се нарекуваат “mudang“. Патот да се стане шаман не е лесен. “Шаманската болест“ има физички и психолошки симптоми кои не се лекуваат со помош на модерната медицина, а вклучуваат: губење на апетит и халуцинации. За време на иницијација шаманот често е облечен во светли бои, а носи и посебна капа. Се користат ѕвона, тапани и симболично оружје, како мечеви, за време на церемонијата.

bf3558224a272741a405758a2d38bfb3

Корејските шамански ритуали се поделени на 12 делови. Поголемиот дел од уделот на ритуалите има иста структура и функција.

7862491636_10b306956f_z

Танцот на шаманските обреди може да изгледа спонтано, дури и целосно импровизирано. Сепак, танцот ги има своите правила и прописи. За време на танцот шаманите можат да стапат во контакт со светот на духовите. Танцот на шаманот, исто така, има за цел да ги забавува духовите. Овој вид на екстатичен танц, како во состојна на транс, е типичен за многу на корејски традиционални танци.

Категории
Шуш - Буш

ПОВРЗАНО