Мистеријата зад Влашката магија

Влашката магија е широко позната и луѓе од целиот свет го проучувале овој феномен. Иако голем број експерти ја има истражувано истата, ретко кој може да ја разбере влашката магија и нејзините мистерии кои ги крие од очите на светот.
Се работи за “најсилната“ магија во 21. Познато е дека останува во рамките на семејството, а се пренесува од генерација на генерација, од женската страна. Многу тајни на влашката магија остануваат во рамките на семејството, а знаењето се учи од најстариот женски член на семејството. Власите можат да учествуваат во церемониите само кога ќе имаат одреден број на години. Церемонијата, односно иницијацијата се базира врз оган и инвокација на вили или шамани. Се верува дека влашката магија е посилна од било која друга, циганска, еврејска или вуду магија.

_sp-vlaska-magija

Влашките врачари веруваат дека се може да се постигне преку контакт со повисоките сили и преку мртвите. Ритуалите кои се вртшат имаат најсилен ефект во времето помеѓу Божиќ и Водици.
Влашката магија има безопасни баења и ритуали каде се применуваат “алатки”, како што се црвен конец, босилек, огледало, четка …Но постојат и повеќе бизарни предмети кои се користат во ритуалите, како што се менструална крв, седмо ребро на мртов човек, како и вода со која бил измиено мртвото тело.

Се верува дека симптомите на влашката магија се чести главоболки, депресија. Сите ритуали се изведуваат со баења и пеење на влашки јазик. Во Влашката магија прагот пред вратата се смета за култно место каде што живеат душите на предците, а патиштата се сметаат за места каде што живеат душите на починатите.

vlaska-magija-1417814845-596383

Предметите имаат моќ, бидејќи ја задржуваат енергијата на лицето кое ги поседува, па предмети како чешли, облека, обувки и слики можат да се користат за фрлање на клетви. Правилото е дека работите не треба да се даваат на другите луѓе.
Власите веруваат дека енергијата може да се пренесе и од луѓето на објекти. Постојат многу ритуали и симболи поврзани со Влашката магија, а речиси секој предмет може да има одредена смисла.

Категории
Шуш - Буш

ПОВРЗАНО