Rakim Allah ќе не благослови со нов албум!

Раким се подготвува за следниот албум. Шест години од излегувањето на неговиот последен официјален проект The Seventn Seal, Раким се надева дека ќе го издаде неговиот четврти соло албум во 2015.

Работам моментално на нешто, се надевам дека ќе најдам неколку квалитетни продуценти и дека ќе се создаде хемија да склопам албум, Ќе изјави Ра.

rakim-lecture-wrapper

Пробувам нешто да издадам до крајот на оваа година. Ова е еден од оние албуми кога сакам да се забавувам. Мојот последен албум The Seventn Seal беше поприлично свесен албум. Сакав да се осигурам дека ќе оставам печат со тој албум и ќе дадам конкретна изјава. На новиот, сакам малку да уживам во хипхопот на албумот.

rakim-the-seventh-seal

Запрашан што мисли за новата генерација на хипхоп ѕвезди, конкретно кариерите на J.Cole и Kendrick Lamar-легендарниот рапер даде комплименти за двајцата рапери и цени што прават обајцата за играта.

Благослов е да добиеш љубов од луѓе како нив кои се на врвот, ќе каже за J.Cole. Млад артист кој си го прави своето и посегнува кон минатото и тие пред него да испоштува-ценам многу човеку. Кендрик е новото гориво за трката, ме разбираш? Има тежина, и не се плаши да застане позади тоа што го зборува. Врв е брату, врв. Голем респект за младите артисти кои допрва навлегуваат во играта и го одржуваат огнот на факелот запален и имаат што да кажат.

Погледнете го интервјуто со Ра.

Категории
Шуш - Буш
Еден Коментар
  • pop over to these guys
    27 January 2018 at 07:45

    I just want to mention I’m beginner to blogs and seriously savored your web page. Very likely I’m likely to bookmark your blog . You actually come with fabulous writings. Thanks a lot for sharing your webpage.

  • Напиши Одговор

    *

    *

    ПОВРЗАНО