WARREN G СО ПРОДОЛЖЕНИЕ НА G FUNK ERA

Warren G објави дека планира да извади продолжение на неговиот деби албум од 1994 Regulate…G Funk Era летово.

warrn-g-regulate2-cover

Планот е изданието да излезе на 6 Август. Во муабет со Billboard-Ворен објавува дека еп изданието ќе има необјавени снимки од починатиот Nate Dogg, и додава:

“Се чуствувам многу добро што добивам шанса да им дадам на луѓето можност да слушнат звук кој што фалеше во хипхоп музиката. Конечно имам архива од музика која ја склопив и време е тој G Funk звук да се врати повторно.”

Што се однесува до колаборациите со Nate Dogg, Ворен изјави:

“Беше  тешко сознанието дека пијателот ми го нема повеќе. На албумот гости ќе ми бидат и E-40, Too $hort, Young Jeezy, Bun B-артисти кои Nate ги сакаше и почитуваше.”

Првиот сингл насловен “My House” ft. Nate Dogg ќе излезе набргу.

 

Категории
Шуш - Буш

ПОВРЗАНО