Едвард Марфи – Марфиеви закони

Имено, колку пати ви се десило работата што имате намера да ја сработите, да ја завршите без ич да не се замарате? На тоа, се разбира, не ви текнуе бидејќи таквиот развој на настаните ви се чини прилично нормален. Но, затоа, кога ќе ви тргне све у курац, почнувате да барате причини и оправду-вања и обично ви е крив Марфи.

Најнов и најшироко прифатен муабет е дека Марфи, навистина, постоел и живеел во Америка и де-ка вистинското (пошо имал и лажно) име му било Едвард Марфи Џуниор и работел како научник и пилот во американската војска во 50-тите години од минатиот век. Иако работел како инженер на те-стирање на летала целата своја кариера, еден настан влијаел на настанувањето на Марфиевиот за-кон.

Легендата, а и неговиот син, велат дека првобитната изрека на Едвард Марфи во периодот кога уште бил инженер и бивши летач, гласела: „Ако нешо може да се заврши на два или поише начини, а само еден иде у курац, ќе биде завршена токму на тој начин кој иде у курац“.

Од првото јавно појавуење Марфиевиот закон од аероинженерингот брзо се раширил во разни тех-нички области и влегол во општата техничка култура. Набргу разните варијации станале мејнстрим, а уствари духот на Марфиевиот закон се однесува на нагласување на фактите дека негативните ствари се случуваат неочекувано.

Така, во секојдневната употреба се појавува и обликот: „Aко нешто може да иде у курац, ќе иде у курац“. Битно е да се нагласи дека Марфиевиот закон е општ и универзален.

Тоа го разликува од поединеч-ниот случај, кој, обично, се опишува со: „Зашо сето ова баш мене ми се дешава?“

За да не збориме само на празно за Марфи ќе ви прикажеме дел од нив :

* Кажете му на човек дека во универзумот има 300 милијарди ѕвезди и тој ќе ви верува. Кажете му дека на клупа има влажна боја и ќе мора да ја допре за да биде сигурен Шанса на парчето леб да падне со намачканата страна надолу е директно пропорционален на цената на килимот

* Ако постои можност неколку работи да тргнат наопаку, таа што ќе тргне наопаку е онаа која ќе предизвика најмногу штета.

* Документот кој го барате е секогаш на дното на најголемото купче.

* Насмевнете се… Утре ќе биде полошо

* Секогаш кога ќе оставите нешто „ на сигурно“, никогаш повеќе нема да го најдете.

* Возилото што вози пред вас секогаш е поспоро.

Категории
Џиџи-Миџи

ПОВРЗАНО

  • Холивудски близнаци

    Знаете сите дека сплет на гени и околности прави да таму некаде имаме сите свој близнак-не по мајка, не по татко (за ова второво не сме сигурни) ами по...
  • Лост енд фаунд – Пени Хардавеј

    Жареше и палеше на времето. Го споредуваа со Меџик Џонсон и Мајкл Џордан , со неговата брзина, талент и интелегенција ги освои навивачите на Орландо Меџик. 1996-тата година изгледаше...
  • Охридски летач

    ...
  • Откачени миленичиња

      Априлилили четроножни пријатели! Овој први Април никој од семејството нема да остане немаскиран, дури и вашето милениче ќе биде во духот на Локи и празникот на шегата! Еве...