Мобилен Дом

Сте пробале да ја отруете на комшијата козата, ама жилавото копиле не гине-не очајувајте, сменете си ги соседите.Со овој едноставен изум на лудите Енглези можете да си отидете сосе куќа!

1

 

Концепт и идеа

Идејата е дека концептот на поседување земја е небитен, и дека секој има право да го населува било кое парче земја ( не биле кај нас овие очигледно! ) на планетава.Куќата може да се движи по било која површина со приближна брзина од 60 метри на час!

2

4

Куќа обложена со соларни панели

Куќата е обложена со соларни панели за самонапојувачки систем, мини ветерничиња за повремени потреби на додатна енергија, купатло и колектори на вода.Не е нешто најкомотна, целата површина е 3,20 метри во должина и 3,20 метри во висина.Крајната цел на лудиот инжинер е цели селца на подвижни куќички да пичат таму некаде низ малешевијата.

3

Категории
Џиџи-Миџи

ПОВРЗАНО