Емисија 24.04.2017

 Во денешната емисија погледнете како помина концертот на Влатко Стефановски, кој се одржа на 19.04. во Метрополис Арена со Биг Бенд на Словенечката војска. Станува збор за исклучителен музички проект, уникатен од овој вид во целиот регион. Специјално за скопскиот концерт, Влатко со Биг Бендот подготвуваат репертоар составен од некои од неговите најпознати композиции, но и познати фанк, џез и соул стандарди. Потоа погледнете како помина концертот на Планктонс и Илузија во Браво, на 21.04.Следува атмосферата од “Record store day“. Овој интернационален „Ден на независните музичките продавници“ во светски рамки се одржува од 2007 година, а овде во Македонија, таа убава традиција годинава се организираше првпат. Целиот настан беше поддржан со DJ сетови на Васко Атанасоски, Александар Гавровски (PMG Collective) и Гоце САФ како и концерти на француските бендови PAUWELS, PARTOUT PARTOUT и Германците THE JEFFK.

И за крај кратка најава за Урбан Фест Скопје, меѓународен фестивал на живи статуи и други улични уметности, кој ќе се одржи на 28 и 29 април од 12 часот на сквер „Јадран“ во Скопје.

Категории
ЕМИСИЈА

ПОВРЗАНО

  • Емисија 22-08-2017

    Во денешната емисија погледнете како си поминавме на Пиволенд, како помина журката Summerdelic Good Vibes на 19.08 во Бла Бла Клуб, и погледнете ги новите/старите спотови....
  • Емисија 01.08.2017

    Во денешната емисија погледнете како поминавме на Лига Лезет трето издание во Бла Бла Клубот, на 30.08, како помина концертот „МКЦ за Скопје“ концерт на Mark Olson + Ingunn...
  • Емисија 25.07.2017

    Во денешната емисија погледнете како помина концертот на Sea + Air, saMMan, Атанасоски/Ангелов на 15.07.2017, во Бла Бла Клубот, потоа погледнете го интервјуто што го направивме со Идриз од...
  • Емисија 13.07.2017

    Во денешната емисија погледнете како помина слушачката промоција на Blla Blla Blla, кои после 2 години работа во студио го издадоа албумот “Brum per Medioferr” во различен или ретро...