Видео интервју со Немања Радичевиќ

Немања Радичевиќ, еден екстемно луд дечко на инвалидска количка, многу пати успеа да ни докаже дека хендикепот не мора да биде пречка во животот, потребна е храброст, упорност и желба да се успее. Си направивме кратко интервју со него, измонитрано со видео прича, а во овој текст ќе ви преведеме дел од неговата приказна раскажана со негови зборови.

11182717_10153176451647954_6067178519707905310_o
“Мајка ми порано држела клуб за деца со посебни потреби и еден ден ме викна да дојдам со неа за денот на инвалидите во Белград. Им збореше на луѓето таму што правам јас со мојата количка со која се шегував, па ми кажаа да снимам нешто. Бидејќи вујко ми е камерман, заедно снимивме видео и го ставивме на youtube, наменет да се пушти за денот на инвалидите.
После некое време видеото од yutube го виде човекот кој држеше скејт продавници во Србија, BoardShop.rs.
Еден ден, кога се враќав од училиште ми се јави на телефон, воодушевен од мојот ентузијастички дух, и ми предложи да собереме пари за специјална количка. Дел од парите он самиот ги донираше, а дел се собра преку журка на која свиреа Juice, Bad Copy, Fat Kids Love Cake, Марко Nastic. Ова се случи во 2012 година, а се друго е, како викаат историја.

Категории
ВЈУинтерВЈУ

ПОВРЗАНО