Ексклузивно интервју со Едо Маајка

По повод неговото доаѓање на пролетниот вински фестивал – Spring Wine Festival 2016, овој четврток пред Веро Центар ќе рока Едо Маајка, ние му пуштивме маклу муабет и го прашавне неколку прашања !!!

Ексклузивно интервју со Едо Маајка за Бла Бла ТВ!

1.Зошто се немаме видено долго, брате, се работи за некој P.R. или за судбина?

Судбина, друже, немав повици за Македонија од последниот настап во Штип, мислам дека тоа беше пред година дена. Немав ни нови песни, а сега извадив нешто па македонците конечно ме викнаа, посакав да дојдам и одвај чекам. Овој пат, освен настапот на фестивалот, еден ден порано снимаме нова епизода од емисијата “Перспектива“ со младите луѓе од Скопје, со нетрпение го очекувам и тоа дружење. Се работи за многу интересни емисии кои ги снимаме низ целиот регион, темите се тешки, но потребни.

2. Последно нешто што слушнавме од тебе е “Ojojojoj“, добра рап приказна која е 99% вистинита (белким не се случило некој да изгуби глава од чинела? Се надеваме дека во Македонија ќе поминеш подобро отколку во видеото).

Многу сме задоволни и ја и Koolade, со тоа како помина песната. Не рапував долго време на клупски бит, но кога го слушнав ова едвај чекав да го напишам текстот. Сé се сложи одлично, со Велимир Гргиќ и неговата екипа го завршив видеото, тоа беше чист ентузијазам и успеавме да извлечеме многу за малку пари. Кукање е составниот дел од животот, многу луѓе ми се имаат јавено за да ми кажат дека чувствуваат како за нив да го напишав текстот. Поздрав до екипата Ojojoooooooj…

3. Знаеш дека те сакаме, како да си дома, каков е концептот, кој ќе доаѓа со тебе, кој е во тимот?

Мојот тим е веќе подолго време ист, backup ми е Frenkie, а dj е Soul, тврда и извежбана тројка, со овие луѓе и да не се видам цела година, ќе го направиме настапот како да се имаме видено вчера последен пат. Многу сум поопуштен и побезбеден кога ги имам нив двајцата на сцената. Најголемиот проблем во Македонија ми е прејадување, храната е одлична и знам дека пред секој настап кукаме: како ќе идеме сега на сцена кога сме прејадени, не требаше да јадам предмалку и слично…Македонската храна, луѓето и музиката се чудо.

4. Го осети, а и делуваше на овој пеколен балкански рап. Слушаш ли сé уште балкански рап?

Секако, не излегуваат многу нови работи во последно време, но секој месец-два барам на youtube добри домашни песни. Омилен ми е Kontra, има одличен терк и текстуално е супериорен, би требал само малку да поработи на изгледот. Проверете го Finti ака Tifin, млад МЦ од Брчко кој неодамна има издадено добар EP.

5. Што ќе однесеш од Скопје во Босна и обратно?
На вас нема што да ви се донесе, имам еден пријател на кој заборавам да му донесам дрес од репрезентацијата на Босна, веќе 10 години. Со себе секогаш носам ајвар од Скопје, играчки за детето и свежите битови на Гоце.

6.Колку долго ви трае еден сет и колку луѓе се потребни за еден настап? Дали е битен бројот на посетителите?

Бројот на посетителите не е битен, но поддршка и скокање е. Сме имале настапи и пред 50 луѓе и сме биле повеќе задоволни од настапите со многу поголема публика која имала ладни реакции. Сетот ни варира помеѓу 80 минути и 120. Све зависи од публиката и временските ограничувања.

7.Што ново се готви кај тебе во музичката кујна?

Готвам многу работи, планирам во октомври да го издадам новиот албум кој за сега се вика „Glavatar VII“. Ова се одвива бавно, но на лето ќе го забрзам процесот. На албумот ќе се најдат и овие први две песни: No Pasaran и Ojojoj…Промоцијата и турнејата ја планирам во зимо, со бендот, што значи дека планирам да создадам и бенд. На лето ќе се обидам да направам и албум со детска музика со пријателот. Тоа е спореден проект за душа и за децата.

8. Ти благодариме за сé што имаш направено за балканскиот рап. Чувствуваш ли дека го достигна максимумот на својата креативност или сé уште можеш да ни понудиш добра музика?

Мислам дека сé до сега беше само загревање и подготовка за поголеми работи. Имам многу постари колеги кои прават генијална музика, се огледувам на нив, бидејќи гледам дека тоа е можно и реално.

9. Кој ти е омилен балкански млад MC? Кој ти прави мерак?

Значи, прво е Kontra, Pistolero ми е одличен, но не е нов, Smoke Mardeljano, Stay Positive, Nici, ги има многу…

Категории
ВЈУинтерВЈУ

ПОВРЗАНО