Интервју со Астероид

Астероид е млад бенд од Скопје формиран во 2013 година. Моментално е насочен кон изработка на својот прв албум. Нивниот звук се дефинира како алтернативен и е фузија од психоделичен рок, фанк, пост-панк и експериментална музика. По повод нивното авторско првенче, насловено како „Гнев“, направивме кратко интервју со членовите на бендот.

Колку време постоите?

Постоиме отприлика од крајот на 2013-та година и почнавме како кавер бенд, благодарение на Професорката Емилија Ристановска која ја води проектната оркестар во Никола Карев. Каревски деца сме сите.

11733321_397078530501825_1281045206_n
Кои се членовите на бендот?

Членовите на бендот се: Сања Јакимова е вокал, Влатко Владимиров и Ангела Рафаиловска свират гитара, Бојан Јанков свири бас гитара и Мартина Баракоска свири тапани
Идејата зад името?

Идејата за името дојде од нашата прва свирка, која беше хуманитарна и беше одржана во Никола Карев, темата беше Малиот Принц односно “Бајките помагаат, зошто не и ти?” и од таму дојде идејата да бидеме насловени Астероид Б612. Тогаш прв пат слета нашиот Астероид, а сега цели кон нашиот прв албум. Веќе не сме Б612 од чиста причина дека сите околу нас а и ние го кратевме името.
Идејата и филозофијата на бендот?

Нашата идеја е да ја живнеме македонската алтернативна сцена, затоа што нуди многу, притоа да создадеме и свој препознатлив звук кој што секогаш ќе се трудиме да го одржиме интересен и полн со енергија.

Нешто повеќе за вашата нова песна „Гнев“?

Повеќе за “Гнев”, би кажале само дека оставаме сите да ја чујат и да си остварат една своја перцепција за песната, така ќе им се допаѓа највеќе. Ние ја доживуваме како динамична песна, спој на повеќе вкусови, стилови и звуци од сите членови на бендот.

11751189_397077930501885_412900257_n

Досегашни настапи?

До сега имаме многу пати организирано свирки во Карев, имаме свирено неколку пати во Хавана и Маракана, неколку пати на школка во парк, два пати во МКЦ, Радио Слободна Македонија и исто така и на Пиволенд минатото лето.

11750024_397078790501799_1433024773_o

Идни планови?

Идни планови, како што кажавме, Астероидот ни цели кон првиот албум, и најверојатно до крајот на летото ќе имате прилика да чуете уште еден сингл од албумот.

 

Обавезно да ја преслушате песната и да ги поддржите дечките и девојките со лајк на нивниот фан пејџ. Одлично сработено.

Категории
ВЈУинтерВЈУ

ПОВРЗАНО