Интервју со 3 Д ( Trzeczy Wimiar )

“Што полоша земја, тоа подобар рап”   Pork Porkinson, Trzeczy Wimiar

На 24 Април излегува на пазарот петиот албум на легендарниот Полски бенд Трета Димензија (Trzeczy Wimiar) насловен како Смени си ја состојбата на свеста (преведено од Полски) и во очекување на албумот поразговаравме со Порк од 3Д.

Бла Бла ТВ:

До премиерата на албумот останаа околу 3 недели. Како што разговаравме вчера, ми кажа дека штутуку го работиш каверот…како иде работата на албумот?

Порк:

pork foto

Пополека. Работам на материјалите/фотките, а работата над материјалот траеше повеќе од една година…знаеш сепак-рапери сме и се правиме сами ( се смее ). Миксови, продукција, спотови итн. Се освен дистрибуцијата, а што вклучува Фонографика. Вчера рецимо Шад ( член од бендот ) ми ги прати последните песни за албумот. Колку ќе бидат на самиот албум ни самите не знаеме, миксовите се средуваат додека муабетиме. А каверот ќе биде партали! Сакаме да биде нетипично…нешто тотално различно.

Два синглови веќе излегоа. Не, чекај, три! Дебелко го публикувавме пред неколку месеци, па Параноја пред некое време, и сега излезе Мурмурандо. Ама, прв сингл беше Дебелко.

Patric

Сите три се различни, но сите си влечат своја тежина. Овој албум ќе биде промена на свеста-ептем различна од се до сега. Немаме 18 години да рапуваме за глупости…ова е петиот албум на групата! Секој од нас има соло албум, имаме по 35 години. Пишуваме за тоа што директно не тангира. Преживеаните ситуации кои биле тешки и сериозни, сепак има и полежерни теми-сепак албумот го работеше во целост еден човек, нашиот продуцент Dj.Creon кој навистина е зрел за да направи албум од кој ќе биде целосно задоволен како ќе звучи. Потврдувам дека ќе преовладуваат ралични теми, но се ќе има своја целина.

3d

БлаБла ТВ:

Вашите албуми излегуваат на секој три години. Од каде таква регуларност и доследност? Дали нарочно го темпирате периодот или плански го правите тоа?

Порк:

Се дешава едноставно (се смее), не е планирано. Ама земете в предвид дека секој од нас помеѓу работата на заедничкиот албум снима и соло.Тоа е многу работа, така да таа коинциденција и мене ми е интересна.

Блабла ТВ:

Зошто правите реизданија во моментов? Секогаш ќе се најде некој кој ќе каже дека тоа ви е комерцијален потег-за пари, маркетинг фора пред новото издание и сл. Или било какви глупости?

Порк:

ork

Тоа воопшто не ме интересира. Кај нас беше следново-првите изданија излегоа за еден издавач, потоа ги снема од пазарот-а само тие ги имаа правата на изданијата-се случуваше да достигнат ненормални цени на некои продажни места. А ние самите неможевме да ги продаваме. Потоа во еден момент ги откупивме правата на издавање на првите албуми и сега ги поседуваме во целост. Конечно можевме да ги издадеме во добри изданија. По долги години Четрите времиња на рапот постигна златен тираж (15.000 копии) по старото мерило-35.000 илјади уствари! У глобала не не е единственото-благодарејќи на нашите слушатели, и во глобала како можат воопшто реизданијата да влијаат на продажба на сосем нов албум?

БлаБла ТВ:

На вашата интернет страна веќе некое време оди предпродажбата на албумот на 3Д, дали ќе биде  злато пред да излезе?

Порк:

Во предпродажба незнам, но по промоција сигурно! Мене ми е битно и албумот да не биде онака, туку нешто од што ние ќе бидеме задоволни. Нашиот креативен процес е сериозна работа и зато нашите проекти се издржани.

БлаБла ТВ:

Кажете ми нешто повеќе за “Мурмурандо” и за приказната дека е сниман спотот во Македонија. Што имате заедничко и како дојде до сето тоа?

Порк:

Многу работи. Сериозно. Кога отидовме таму, немавме појма на што да се надеваме, и што да очекуваме. Таму ( Македонија ) е многу побетер од кај нас. До неодавна беа луѓето во војна. А зошто Македонија? Имаме контакти таму, имаат многу добар рап, и начинот на кој што ги гледаат ( раперите ) работите се многу слични на нашиот во Полска. Имавме една песна со топол шмек и климата на Македонија ептем легна за спотот. Различна перспектива.

БлаБла ТВ:

Што мислите за целата ситуација и пристапот кај нас-колку се разликува од Полска?

Порк:

Таму е целосно друга приказна. Се изнагледавме спотови. Рапот им е на многу добро ниво. Имам некое мислење дека колку полошо се живее негде-толку подобар рап се прави.

Бла Бла ТВ:

Што полошо-за рапот е подобро?

Порк:

А зарем не е?

Бла Бла ТВ:

Со се што бара креативност претпоставуваме дека е…

Порк:

Апсолутно. Колку ни е полошо-толку одиме подлабоко на следно ниво…креативноста добива поинакво значење.

утре (04.04.2015) очекувајте премиера на спотот на Бла Бла Тв!

 

 

 

 

 

Категории
RelaxинтерВЈУ

ПОВРЗАНО