Готово е, во петок е крај на светот

Готово е, во петок е крај на светот…повторно!

Екипата од каналот “End Time Prophecies” предупредува во своето ново видео дека оваа година ќе имаме Апокалипса. Со комбинација на делови од книгата на Откровението и некои научни податоци, дечкиве овој пат велат дека е сигурно. Спремете се за журка.

Од една страна се најавува доаѓањето на Антихристот, Сонцето ќе стане црно (буквално) и ќе има големи земјотреси, од друга страна се зборува дека ќе се сменат магнетните полови.

“Земјата ќе ја погоди неверојатно силен земјотрес, а сонцето ќе стане црно, додека месечината ќе биде целосно превртена. Ѕвездите ќе паднат на земјата, како големи смокви. Секоја планина и остров ќе се помрднат од своето место. Ќе се создаде вакуум кој ќе ја исцица целата земјина атмосфера.” Доколку имавте некои сомнежи на кој начин ќе не снема, ете, информации.

Истиот тим тврдел дека на 6.05 Земјата ќе ја погоди астероид, а потоа и дека Барак Обама во јуни ќе открие дека е Антихрист…

https://www.youtube.com/watch?v=6HPrfFvkEj0

Категории
Тралалајки

ПОВРЗАНО