Како брендот Адидас и Русија станале нераздвоен пар

Во последно време на интернет се популарни слики (memes) кои прикажуваат членови на криминални субкултури во поранешна СССР кои обично носат лажна “Адидас” облека. Всушност, овој тренд се зголеми толку многу што денес се промовира синоним за сите Словени, а не само за Русите. Сето ова е поврзано со улична субкултура наречена Gopniks.

Но зошто токму адидас? Одговорот лежи во далечната 1980-та година, кога во Москва, на Олимписките игри, официјалната спортска за Советскиот тим беше Адидас.

563366 24.07.1980 После вручения золотых медалей женской сборной команде СССР по гандболу. XXII летние Олимпийские игры (19 июля - 3 августа). Владимир Вяткин/РИА Новости

Адидас својата популарност во Русија ја должи на страничните ленти. Гопници почнаа да носат Адидас облека со цел да ги имитираат затворениците. Во СССР обично затворениците носеа тренерки, бидејќи затворите немале официјални униформи, а друга, поцврста облека не била дозволена. Значи, гопници кои сакале да изгледаат како опасни гангстери, се разбира, исто така, почнаа да ги носат овие тренерки.

14708352_589806304540337_3217138329922949159_n

Со текот на времето, нивните спортисти почнале да носат вистинска Адидас опрема, додека од друга страна, сиромашните луѓе носеле лажни Адидас тренерки како примарен избор на облека. Денес целиот тренд се проширува надвор од границите на поранешните советски републики, а станува популарен во Европа, затоа постои верување дека речиси сите Словени носат адидас тренерки, а за нив се создадени посебни интернет групи, во кои дотичните позираат во опасни пози, и, се подразбира, мора да носат Адидас.

Категории
Тралалајки

ПОВРЗАНО