Шопе го интервјуира Мики ЛИ II дел

Шопе го интервјуира Мики ЛИ II дел

Интервјуто за екстратерестриал активитис близу Овче Поле, точно 50 метри источно од железничката станица, продолжува на улиците на Штип, каде нашиот стручен соработник и таен експерт на НАСА, Емило Шопе, разговара со единствениот штипјанец кој веќе имал средби со вонземјани, Мики Ли, кој пак настапува со прашање за штипјани, дали тие веруваат во зелените суштества од Марс!

 

Вонземјани се видени и на Сутлакот како купуваат бурек после 02:00 часот, а најчесто се врткаат кај Пребег, каде живеат под кирија кај една баба, а лажно се претставуваат дека се студенти на информатика. Целта им е да направат толкава забуна во градот да незнат Леваците и Деснаците кои се кој. Еден вонземјанин е виден и кај бабите, но тоа сеуште не е докажано, но затоа експертите на Бла Бла – Урбана Телевизија се навлезени максимално во инцидентот и го истражуваат со “специјални мерки”.

Категории
интерВЈУТралалајкиШуш - Буш

ПОВРЗАНО