Што да слушаме кога надвор врне, истура?

Секогаш кога надвор врне, принудени сме да седиме дома, да гледаме филмови, цели сезони од познати ТВ серии, чепкаме глупости на интернет, играме игрици и сл. Некако, дождот со себе носи меланхолија и блага депресија.
Но, постои една работа која секогаш е посилна од тешките емоционални и егзистенцијални проблеми со кои се соочуваме, особено кога сме сами дома, а надвор врне, а тоа е музика.
Било да се работи за тажна или среќна, рок, метал или класика, музиката секогаш делува на нашата психа, па, ете, додека надвор роска, врне, истура, за вас подготвивме мала плејлиста на песни кои можете да ги слушате, за да се долови атмосферата која се обидуваме да ја создадеме во нашите глави.

Камера иде? Звук иде? Акција!

Најпрво да ги решиме егзистенцијалните прашања:

Па малку да се правиме мангупи, пошто ни се може, нек врне, што го вртам! Така?

ионака го сакам дождот…мислам…

дождот со себе носи некоја мистика, како да можеме да ги слушнеме тајните на боговите, кои ни ги шепотат преку капките…

ма, сензуално е, во секој филм има сцена кога врне и се дешава нешто битно, попратено со сензуална музика и slow motion…

постои некаква хармонија и синфонија во дождот…

уствари, само сакам да седам во соба, да гледам во ѕид и да ги критикувам сите животни одлуки што ги донесов, или да фантазирам за паралелни димензии

или да патувам и да го пратам танцот на капките врз стаклото

на крај, мислам дека ни преостанува најпаметна одлука, ќе испијам неколку чашки, ќе го баталам чадорот и ќе танцувам низ улиците, правејќи се дека повторно имам 15 години, и гајле ми е!

Епа, другари, уживајте, имајте убав викенд и пронајдете го вашиот шмек во дождот.

Категории
Тралалајки

ПОВРЗАНО