Што се случува кога ќе викнеш од прозорец во Шведска?

Веројатно никад не сте се запрашале што би се случило доколку би викнале од прозорец во Шведска, но време е да се запрашате.
Имено, дечкото од видеото ни го презентира своето искуство со вресокот Flogsta, како го викаат овој ноќен феномен.
Според легендите, студентите од Флогста, областа на Упсала, почна да врескаат гневно навечер. Некои извори тврдат со сигурност дека ова однесување започна во почетокот на 1970-тите, други дека се појави во текот на испитните периоди во 1980 година.

flogsta-scream

Сепак, не постои сомнеж дека крикот се слуша секоја вечер во 22:00 во Флогста, од прозорците на студентите кои имаат потреба да ги споделат своите фрустрации со светот. Вресокот Flogsta стана традиција, атракција и многу потребен сигурносен вентил за сите оние кои чувствуваат дека со крик на гнев можат да направат чуда за справување со стрес.

Категории
Тралалајки

ПОВРЗАНО