Вју со „Мугер Фугер“ за концертот на 23 мај

Вју со „Мугер Фугер“ за концертот на 23 мај, 2018 година, на кој ќе го промовираат десеттиот, јубилеен, студиски албум насловен „Татко“, на платото пред МКЦ, со почеток во 21 часот.

Десеттиот албум, насловен „Татко“ содржи 10 песни. Сниман и миксан е во студио „Тра Ла Ла“, со продуцентот Мите Димовски. На самата промоција ќе може да набави и ЦД од албумот. Влезот на концертот е слободен.

Во создавањето на албумот учествуваа: Сецко Сеад Хаџиќ на гитара и мандочело, Огнен Мангаровски на синтисајзер, пијано , бас гитара и гитара, Сашо Митревски на гитара, Никола Кузмановски на бас гитара, Огнен Златанов на гитара, Џано Куч на тапани и перкусии и Горан Трајкоски, Ристе Солунчев, Сашко Костов, Елена Христова, Снежана Стојчевска, Ристе Гоцев, Идриз Амети, Јон Ајдини и Џабир Дерала на вокали.

Концертна поддршка ќе биде дуото Мухамед Ибрахими и Ратко Даутовски.

 

Категории
ВЈУ

ПОВРЗАНО