Адвокатот Јанаки Митровски: Вака предложената медицинска употреба на канабисот мириса на фармацевтски монопол

Адвокат Јанаки Митровски (ОД НАШИТЕ ЛУЃЕ ЈЕ)

janaki

Вака предложената медицинска употреба на канабисот мириса на фармацевтски монопол

Условите што се поставуваат во т.н. Закон за легализација на канабисот во медицински цели се превисоки и се направени за добивање монопол на фармацевтските гиганти. Друга слабост е што Законот нема да го сузбие црниот пазар, вели за Академик адвокатот Јанаки Митровски, автор на магистерскиот труд „Легализацијата како начин на сузбивање на трговијата со наркотици“, во врска со предложените законски измени за легализација на канабисот во медицински цели.

printsip50

„Од глуво уво до усти полни пофалби“

„Во воведниот дел на предложените законски измени и дополнувања на Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции, предлагачот и законодавецот ги констатираат позитивните ефекти од користењето на канабисот во медицински цели, а исто така и даваат ретроспектива на користењето на канабисот како медикамент низ историјата, воедно истакнувајќи ја неговата широка примена во медицината. Одлично, па ние ова го говориме децении наназад, но секогаш сме наидувале на глуво уво, особено од лекарската фела“, истакнува адвокатот Митровски.

Според Митровски, условите што се поставуваат во т.н. Закон за легализација на канабисот во медицински цели се превисоки и се направени за добивање на монопол од фармацевтските гиганти.

printsip52

Фармацевтски монопол и несузбиен црн пазар

„Во однос на законските измени, од правен аспект, воопшто не е спорно дека државата треба да има одреден облик на контрола над производството и продажбата на медицинската марихуана, но условите што ги поставува Законот мирисаат на наместен тендер и на фармацевтски монопол. Овие услови се превисоко поставени и се направени за еден или два фармацевтски гиганти во Република Македонија да добијат монопол, дуопол“, вели Митровски.

Адвокатот нагласува дека предложените законски измени нема да бидат во функција на сузбивање на црниот пазар, што, исто така, е една од суштинските слабости на законскиот предлог.

sudskasluzba-640x360

„Она што е најважно, овој закон нема да го сузбие црниот пазар во Републиката бидејќи сега кога има официјална потврда дека канабисот помага, неговата побарувачка масивно ќе се зголеми, а процентот на ТХЦ кој ќе биде дозволен во маслото коешто ќе се продава легално од здруженијата кои се бават со оваа тематика, е смешен и далеку понизок од потребното“, нагласува Митровски.

Прво канабисот – баба рога, а потоа проформа јавна дебата

Тој додава дека за предложување и за донесување на вакви законски измени неопходно е да има квалитетна и суштинска јавна дебата, на која ќе се посочат сите аргументации и ќе се слушнат сите релевантни страни, а не да има дебата која, како што вели, ќе биде само проформа.

„Фарса е дека имало јавна дебата за предложените законски измени. Простете, но не можам да го наречам јавна дебата тоа што ќе се појавиме во Деканатот на Медицинскиот факултет и ќе  ислушаме многу пофални зборови за канабисот и за Законот од лекари кои до вчера го претставувале канабисот како баба рога, а истовремено во салата на истата „дебата“ да бидат замолчувани сите оние што имаат некаква забелешка. За каква дебата станува збор тука? Тоа значи дека овие дебати се одржуваат само заради проформа“, истакнува адвокатот Јанаки Митровски.

САМО ЌЕ ДОДАДЕМЕ ДЕКА ЦЕЛОСНО СЕ СОГЛАСУВАМЕ СО ЈАНАКИ И ДАВАМЕ ПОДДРШКА !!!!!

ПРЕВЗЕМЕНО ОД :

Home

Категории
интерВЈУПромо Бустање

ПОВРЗАНО