Аксел Роуз е новиот фронтмен на AC/DC

Познатиот пејач на бендот Guns N’ Roses Аксел Роуз е новиот фронтмен на AC/DC. Со нив ќе ја продолжи светската турнеја. Пејачот Брајан Џонсон поради оштетување на слухот мораше да ја запре турнејата за потполно да не го изгуби слухот.

“Би сакале да му се заблагодариме на Брајан Џонсон за неговиот придонес и посветеноста на бендот во текот на годините. Му посакуваме се најдобро во иднина и лесно да се справи со проблемите со слухот. И покрај тоа што сакавме турнејата да заврши во иста постава како што и започна, ја разбираме и подржуваме одлуката на Брајан да се повлече. Аксел Роуз љубезно се понуди да ни помогне, па турнејата ќе ја продолжиме со него.” -пишува во официјалното соопштение на групата.

Европската турнеја започнува на 7 мај во Лисабон, а ќе трае до 12 јуни. Потоа Аксел Роуз ќе оди на турнеја со Guns N’ Roses, која ќе опфати 20 големи градови во САД.

Категории
Промо Бустање

ПОВРЗАНО