Боб Дилан објавува троен албум

Музичката легенда, Боб Дилан, ака Роберт Ален Цимерман, на 31.03.2017-та ќе го објави својот прв трипл албум под наслов “Triplicat“.

Со “Triplicat“ продолжува неговата фасцинација со Great American Songbook, големиот канон на најпознатите и најпопуларните американски песни од првата половина на 20 век, односно од 20-тите до 50-тите години.

Албумот ќе содржи вкупно 30 американски класици.

Ова ќе биде 38-от студиски албум на Дилан, а неговите последни два албуми, “Fallen Angels“ и “Shadows in the Night“ се, исто така, обработки на претежно американски класици испеани од Синатра, и имаат постигнато голем светски успех, наклоност на критичарите, а заработија и Греми номинации.

Преслушајте ја “I Could Have Told You“, која е првата објавена песна од албумот:

Категории
Промо Бустање

ПОВРЗАНО