Вештачките полови органи влегуваат во Мејнстрим

 

Изложба на Симона Манчева во Отворено Графичко Студио на 12 ноември од 20 часот.

Сексуалните играчки и помагала во современото живеење се толку многу употребувани што дури постои и цела индустрија за нивно производство и дистрибуција, во голем дел од земјите во светот тие се уште се табу тема, па дури и забранети за продажба и употреба во некои конзервативни средини.
За што служат секс играчките? Тие се предмети и помагала кои се користат за сексуално задоволување, и спротивно од мислењето дека ги користат најчесто жените за самозадоволување, постојат секс играчки за сите видови секс – мастурбација, стрејт секс помеѓу двајца или повеќе партнери, геј секс помеѓу двајца или повеќе партнери, групен секс и садо/мазо секс.
Генерално луѓето се доста срамежливи кога се во прашање секс играчките и секс шоповите, поради предрасудите во општеството и средината во која живеат, па не само што се оградуваат од користење, туку и се срамат да влезат во секс шоп.
Овој проект е обид да се реконтекстуализираат секс играчките како предмети од современото живеење со тоа што ќе се изложат во уметничка институција, односно во една понеутрална средина во која луѓето полесно ќе се ослободат од срамот и неугодноста што се манифестираат при посета на секс шоп.

Категории
Промо Бустање

ПОВРЗАНО