ВИДЕО БАЗА СО НАД 30 КОМПОЗИЦИИ ВО ПРВИОТ ДЕН

            Проектот на БлаБла ТВ – ВИДЕО БАЗА наиде на огромен интерес кај музичарите. За еден Ден ни пристигнаа над 30 композиции со апликанти за снимање и изработка на видеоспот. Како и што очекувавме најажурни се раперите, па затоа апелираме до сите рок, метал и алтернативни бендови да ни испратат свои композиции и така да станат дел од овој конкурс кој може или да им ја лансира кариерата или да им ја потврди и помогне на етаблираните музичари. Се што треба да направите е следновo:

Од сите испратени песни (најкасно до 30.05.2014) а кои може да се од секоја бранша на алтернативното музичко творење (метал, кросовер, хип хоп, рок, панк, реге, даб степ,драм н бејз,хаус,транс и др.), 20-те НАЈДОБРИ избрани од страна на бла бла тв влегуваат во финалниот избор на видео фонд предизвикот и ќе бидат објавени на 04.06.2015 (кога ќе напуниме четири месеци).

 

kina

Гледачите на бла бла тв со посета на сајтот ќе имаат можност да гласаат и да го определат победникот кој од страна на бла бла тв добива бесплатно изработување на видео спот.

На второто и третото место им се прави видео спот за само 100 евра.

Од четвртото до седмото место музичките артисти добиваат изработка на видео спот за 200 евра.

Музичарите кои се пласирале од осмото до тринаесетото место добиваат можност за изработка на видео за 300 евра.Додека последните финалисти од четиринаесто до дваесето место Бла Бла Тв им нуди можност за изработка на видео спот за 400 евра.

band

Еден музички артист или група може да учествува со најмногу 2 песни па затоа испратете ги најквалитетните ваши музички дела.

Знаеме дека цените за изработка на квалитетен видео запис се превисоки, па затоа се решивме со овој проект да им се помогне на алтернативните музичари да дојдат до визуелизација на нивната музика за ниски средства или доколку победат и бесплатно, а воедно и го збогатуваме Фондот на македонската музичка видео база.

Песните можете да ги пратите на мп3 или вејв формат на следниов маил –

blabla.televizija@gmail.com

доколку ги имате закачено на ју туб или саунд клауд пратете линк од истите.

 

Категории
Промо Бустање

ПОВРЗАНО