Визија Гласно ви го претставува новото видео

Визија е бенд од Скопје, основан во 2011. Бендот го сочинуваат: Марко Џамбазоски (гитара/придружен вокал), Марко Гапо (вокал/ритам гитара), Лилјана Јанкова (бас гитара/придружен вокал) и Синиша Ѓорѓевиќ (тапани). Инспирацијата се црпи од рок музиката, проследено со експериментирање на различни стилови што резултира со формирање на свој сопствен стил.
Во декември 2016, Визија го издаде својот прв студиски албум „Гласно!“, а материјалот беше претставен и во живо на концертната промоција одржана во МКЦ на 08.12.2016.

Видео: Марко Џамбазоски
Аудио инженер: Ѓорѓи Мишковски, студио Rock & Roll
Албумот „Гласно!“ може да се купи во Скопје – ,,Југотон” и ,,Пола Југотон”, Охрид – ,,Музичка продавница Зизи топ”, Битола – ,,Brothers tobacco”, Кичево – ,,Вемакс”, Кочани – ,,Шишко“.

Категории
Промо Бустање

ПОВРЗАНО