Вју со Јаков Дренковски и Џери за Рок и Пиво, Пиволенд и Рок Фест !!!

Вју со Јаков Дренковски и Џери за Рок и Пиво, Пиволенд и Рок Фест !!!

JAKOV2

Денес многу лежерно си испивме пиво (ДОМАШНО ЧАРШИСКОСВЕТЛО ТЕМОВ ) муабет со две урбани легенди со долг стаж во македонскиот РОКЕНРОЛ – Јаков Дренковски и Љубомир Грбевски, попознат на сите како Џери. Рековме на кратко на пиво две, муабет два, околу настапот на Батко Јаков на овогодинешното издание на Пиволенд 2016, како и околу пивото за кое нашиот Јаков има и те како СВЕТСКА литража 🙂

JAKOV KAVR VJU

Пивото е лек !!!

Ексклузивно за Бла Бла Тв ја имаме оваа нумера со наслов – ПЕСНА ЗА ПИВОТО :

Ова му доаѓа како интермецо, музичко – предзагевање за вјуто кое следи подолу со Јаков Дренковски и Љубомир Грбевски – Џери, први пушки на македонскиот рокенрол, душа луѓе со широк поглед и мудрост, позитвина енергија и младешки манири, боеми, СКИТНИЦИ, ЛУЃЕ ОД СКОПСКИТЕ И БЕЛОСВЕТСКИ УЛИЦИ!!! 20-ЕТИНА МИНУТИ ОДВОЈТЕ,затоа што подолго од предвиденото трае, нашите пријатели имаат што да кажат, а плус и да отсвират на 02 септември на Скопското Кале, Пиволенд 2016, Jаков Дренковски & THE BEND 21:00 .

НИЕ ГО ПРОДОЛЖИВМЕ ПАТОТ И РАЗГОВОРОТ ДО БЛА БЛА ТЕЛЕВИЗИЈА, А ТАМУ ВЕЌЕ НЕ ЧЕКАА ДРАГИТЕ ПРИЈАТЕЛИ ОД БЕРНАЈЗ ПРОПАГАНДА, СРЕЌА ДОМАЌИНИТЕ ОД ПИВНИЦА СТАР ГРАД НИ НАТОЧИЈА НЕКОЛКУ ЛИТРИ ОД ЦРВЕНОТО – “СКЕНДЕРБЕГ” ПИВО, КОЕ ГО ДОПИВАМ ДОК ГО КУЦАМ ОВОЈ ТЕКСТ.

DZERI JAKOV 1

ПИВОТО МОЖЕ ДА СЕ ПРОБА ВО СТАРАТА СКОПСКА ЧАРШИЈА, ВО ПИВНИЦА СТАР ГРАД, А ЗА ПРВ ПАТ И ПОСЕТИТЕЛИТЕ НА ПИВОЛЕНД 2016 ЌЕ ИМААТ ИСТАТА МОЖНОСТ ДА ГИ ДЕГУСТИРААТ ПИВАТА НА ПРВАТА МИКРО ПИВАРА ВО МАКЕДОНИЈА – ТЕМОВ !!!!!

НА ЗДРАВЈЕ !!!!

Категории
ВЈУинтерВЈУПромо Бустање

ПОВРЗАНО