ВЈУ СО Јeru The Damaja

Екипа вечерва во Скопје ќе рока нашиот драг учител Jeru The Damaja. Македонја е во ВИСТИНСКА РАПОМАНИЈА со оглед на најавените РАП ДЕЛА кои ги очекуваме во блиска иднина.

jeru1

За да ви го опишам чувството како си поминавме на вјуто, морам да ви ја раскажам мојата Jeru The Damaja приказна. Беше 95 96 кога почна да пристига вистински добар рап у маало. Бате Митко Пикисипи знаеше да ни пушти некоја касета преку Видо. Стигна “The sun rises in the east” и станавме ЏЕРУМАНИ, ја копиравме во примероци за секоја а Марчо ни направи кавери.Прв пат се поздравивме во Софија 2006 и сеуште тврдам дека е меѓу најаките концерти на кои сум бил. Така и вечерва како што тврди Џеру во Вјуто, тој секогаш дава 100 % неговите фанови се исти низ целиот свет и ја даваат енергијата потребна за вистинско рап шоу. Прави околу 100 концерта годишно и четири пати има рокано во Македонија, како ЕМСИ и како ДИЏЕЈ и секој пат било ЈАКО. За формирањето, лириките, диџејлукот, турнеата погледните го вјуто со нашиот МАСТЕР JERU THE DAMAJA.

Категории
ВЈУинтерВЈУПромо Бустање

ПОВРЗАНО