Гледајте го вечерва М.А.Н. 2016 на Бла Бла ТВ

Драги наши, денес накај 18:00 часот ќе имате можност да го гледате овогодинешниот М.А.Н. на Бла Бла ТВ.

Во градскиот парк, на школката имаше повеќе од 30 настапи на македонски бендови, артисти и диџеи – Стринг Форсис, Флукс, Игор Џамбазов, Диџеј Славе, Ле Колони Волвокс, Новиот Почеток, Визија, Бернајз Пропаганда, Зад Аголот, Авторизација и многу други. И повторно се доделија награди за особен придонес и развој на македонската алтернативна сцена 18 на број – Флукс, Игор Џамбазов, Јаков Дренковски, Диџеј Гоце, Синтезис, Леб и Сол, Диџеј Славе, Пука Козметика, Легијата, Пепи Ренџов, Бадмингтонс, Д Хип, Паркети, Чоканче, Љубојна, Совршенатело Наука, Тотално Опуштање, Диџеј Томе Рутбој, но и награди за најдобар видео спот Зад Аголот – “Спас им нема”, за концерт – С.А.Ф., за песна СМАТ- “Додека Сонував”, за албум- Страјк – “Земен Рај” , Млад Артист – Алфа, за турнеа – Бернајз Пропаганда, за евергрин –Раце Горе (С.А.Ф.) , за влијание – Архангел, за графити артист Страјк, за тату артист Емилија Пендева, за алтернативен гостин – Дубиоза Колектив, за музички филм – Сложувалка, фестивал – Таксират, промотор на македонската музика надвор- Кирил Џајковски. Се гледаше финале лига шамиони( причината за помалата посетеност 🙁 ), се пиеше по најалтернативни цени, се играше и пееше и се славеше македонската музика, уметност и култура.

Концертот ќе можете да го гледате на Бла Бла ТВ, а понатаму ќе биде закачен и на јутјуб.

man

Категории
ПРОГРАМАПромо Бустање

ПОВРЗАНО