Демофест организира превоз и сместување во Бања Лука

Посетителите од регионот од оваа година ќе имаат можност за поволна цена да уживаат во Демофест.
На посетителите на Демофест од околните земји им се нуди поволно сместување и превоз од поголемите регионални центри до Бања Лука, како и билети за сите три дена на фестивалот.
Исто така, благодарение на соработката на Бања Лука со студентскиот центар “Никола Тесла”, сите оние кои ќе сакаат да бидат дел од прославата на јубилејниот роденден на фестивалот, ќе можат да бидат сместени во новоизградените павилјони. Поради недостаток на простор за кампување, посетителите ќе имаат можност за сместување во студентскиот дом.
Покрај пакетите кои вклучуваат сместување во студентскиот центар обезбедено е сместување и во хотели и хостели, а цената на најевтиниот пакет е 99 евра.
Овогодинешното издание на Демофест ќе се одржи од 20-22 јули во тврдината Кастел, во Бања Лука, каде ќе настапуваат: Rudimental DJ, Marky Ramone, Ky-Mani Marley, Freemasons, Funkerman, Dubioza kolektiv, Edo Maajka, Bad Copy, Lačni Franz, Sopot, Shanghai Street Fight, Važno obavještenje, Seine, Letarg i Degeneza.
Категории
Промо Бустање

ПОВРЗАНО