Енџелс кафе ги прави последните подготовки за летот 609 до Енџелс Ленд!!!

Звучи чудно ,но ова е навистина интересна тематика која што ја приготвува тимот на Енџелс кафе по повод јубилејниот петти роденден.

10606508_978634285482049_3796867831526207657_n

 

5 години креативност, квалитетна забава, многу диџеи како од земјава така и од надвор, 5 години спомени кој ќе останат длабоко во сите нас, од почетокот па до денес Енџелс кафе успеа да ги покачи стандардите на ноќниот живот и да воспостави мост до едно ново урбано живеење во Штип, тимот повторно си постави предизвик и се работи на реализација на најголемиот настан досега,

ejndze

Целиот амбиент на локалот за момент ќе добие една поинаква атмосфера, на кормилото на авионот нема да има пилоти туку познати диџеи од светски ранг, за да влезете ви се потребни пасоши, секако тие веќе се изработени и достапни за ‘патниците’ секој гостин е жител на Енџелс Ленд и мора да поседува пасош но секако и оние кој нема да можат да дојдат на оваа журка можат да извадат пасош кој ќе им биде еден добар спомен од Енџелс Ленд.

По повод 5тиот роденден Енџелс покани 5  диџеј имиња кој ќе се погрижат за сигурноста на добрата забава , тука се и стујардесите кои ќе се задолжени за комфорот на ‘патниците’ целата организација гарантираа максимална забава.

        Устав на Angels Land

002-A-1024x1024 passport

 

ОДЛУКА ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА УСТАВОТ НА ANGELS LAND

Се прогласува Уставот на ANGELS LAND кој што го усвои Собранието на Ангели на седница одржана на 22,03,2015 година, на денот на пролетта, на ден Четрсе, во присуство на многу убави членови и бенд во живо.
СОБРАНИЕ НА АНГЕЛИ

ejndze2

Тргнувајќи од потребата за квалитетен ноќен живот пред 5 години на 07,04,2010 година во Штип се отвори малиот локал Ангелс Кафе. Но, просторот беше тесен за да ги собере сите млади луѓе кои сакаа само добра забава и квалитетна услуга. И набрзо локалот се прошири. За кратко време Ангелс кафе стана местото на сите урбани настани не само во Штип туку и пошироко. По 5 години успешно работење, одлучивме да си прогласиме независна земја. Барем додека сме на ова место, за миг да бидеме далеку од секојдневието, од политиката и од проблемите. Патувањето за ANGELS LAND ќе биде со авионски лет кој е закажан на 25 Април 2015 година. За да државата функционира граѓаните треба да го почитуваат Уставот во кој се дефинирани правата и обврските:
УСТАВ НА ANGELS LAND

Член 1

ANGELS LAND е независна земја на ЗАБАВА, ЉУБОВ И СРЕЌА.

Член 2

Забавата во ANGELS LAND е загарантирана. За неа се грижи тимот на ANGELS LAND кој со Устав е обврзан да обезбедува познати ДЈ-и и бендови. Освен забава за викендите на граѓаните на ANGELS LAND им се гарантираат и неколку тематски забави годишно. Ако има јака журка, тимот на ANGELS LAND се обврзува да послужи некоја текила или шот гратис. Се во согласност со Уставот и неприкосновеното право на граѓаните да имаат добра забава.

Член 3

Граѓаните во ANGELS LAND се должни да даваат и примаат ЉУБОВ во огромни количини. Љубов кон партнерот, љубов кон другарите и пријателите, љубов кон својата земја, љубов кон сите што ги опкружуваат. Љубовта како емоција да лебди во воздухот. Кога граѓанинот ќе стапне на копното на ANGELS LAND да ја почувствува магијата која се создава од толку многу вљубени луѓе. За државен празник се прогласува 14 фебруари. Тој ден да се организира забава во име на љубовта, а за секоја граѓанка да се обезбеди соодветен подарок како знак на почитување од страна на тимот на ANGELS LAND.

Член 4

Среќата е задолжителна при секое доаѓање во ANGELS LAND. Доколку некој ден не сте среќни, застанете пред огледалото, извежбајте ја најубавата насмевка и дојдете во ANGELS LAND. За другото оставете да се погрижи тимот на ANGELS LAND . Секој граѓанин на ANGELS LAND е среќен човек бидејќи стапнува во земја во која владеат само правилата од член 1 и 2 од овој Устав. Се додека граѓаните се живи, здрави, млади и вљубени, тие се среќни. Среќа е да ги имаш сите пријатели на едно место и со нив да ги поделиш секојдневните моменти со добро кафе во убав амбиент кој го има само во ANGELS LAND. Согласно Уставот на ANGELS LAND должни сте да бидете среќни од мали нешта кои животот го прават убав.

Член 5

Граѓаните на ANGELS LAND имаат државјанство на ANGELS LAND , а самите граѓани се викаат Ангели.
Државата ANGELS LAND има државни симболи: грб, знаме и химна. Грбот, знамето и химната се донесуваат со гласање на граѓаните на facebook.
Службен јазик во ANGELS LAND е секој јазик кој си го зборуваат Ангелите. Битно е да се разбираат и јазикот правилно да го употребуваат.

Член 6

Граѓаните на ANGELS LAND се еднакви во слободите и правата независно од полот, расата, бојата на кожата, националното и социјалното потекло, политичкото и верското уверување, имотната и општестваната положба. Согласно Уставот сите граѓани на ANGELS LAND се ВИП.

Член 7

Секој граѓанин над 18 години треба да поседува пасош. Малолетни лица можат да имаат пасош но не може да бидат во ANGELS LAND по 24 часот. Согласно Уставот строго се забранува точење на алкохол на малолетни лица. Врски за влез на малолетници не поминуваат. Тоа е за добро на малолетникот, бидејќи доколку сега присуствува на сите забави согласно член 1 од Уставот, тогаш кога ќе наполнат 18 години ќе им биде досадно излегувањето и нема да бидат среќни согласно член 3 од Уставот.

Член 8

На секој граѓанин му се гарантира почитување и заштита на приватноста, достоинството и угледот. Се гарантира безбедност на граѓаните додека се на територија на ANGELS LAND.

Член 9

Во оваа држава согласно Уставот се забранува слушање турбо фолк музика, расправии за политика и раскажување турски серии. Се забранува употреба на зборот со помин нека е, туку се користи поздравот со среќа нека е. Се забранува предизвикување и ширење негативна енергија и лоши мисли. Се забранува пушење и пијанчење до бесвест. Се забранува полевање на цвеќето со алкохол, бидејќе цвеќето се суши а Министерот за екологија и животна средина се нервира. Строго се забранува предизвикување тепачки. Ако тоа се случи, Министерот за безбедност има неприкосновено право да ви го одземе пасошот и засекогаш да ви стави црн печат во него, со што добивате доживотна забрана за влез во државата. Секој граѓанин е должен да земе фискална сметка, во спротивно би дошол надворешен непријател и би ги затворил границите на ANGELS LAND.
Се што не е опфатено во член 9, значи дека е дозволено.

Член 10

За беспрекорно функционирање на државата ANGELS LAND се именувани следните министри:
Министер за безбедност – Daniel
Министер за пијачки – Mece
Министер за односи со јавност – Stole
Министер за добра музика- DjCipi
Министер за финансии- Bojan
Министер за екологија и животна средина – баба Conka
Премиер, Претседател, Почесен гостин, Ангел бр. 1 – Robi
Член 9,
Овој Устав влегува на сила на денот на неговото прогласување. Значи на Четрсе.

Бла Бла Тв им посакува среќен 5ти роденден на Angels Cafe , многу јаки журки како и досега и еден куп успеси. Бла Бла е со вас.

Категории
Промо Бустање

ПОВРЗАНО