Запознајте ги бендовите кои ќе свираат на Бла Бла стејџот

Утре (31.08) ќе започне Пиволенд 2016, фестивал на добро пиво и музика. И оваа година младите бендови и артисти добија прилика да настапуваат на Бла Бла стејџот. Ја објавивме листата на бендовите, а во оваа статија ќе ве запознаеме со истите.

Среда:

20:02-20:46 Ikonia

20:47-21:56 Тhe chicks

21:57-22:52 Drioma
Бенд од Куманово кој свири Stoner/Sludge/Alternative/Progressive рок. Членови: Марија Крстевска (вокал) Андреј Мициќ (тапани), Александар Неделковски (бас) Владо Бојковски (гитара) и Бојан Николовски (гитара).drioma

22:53-23:53 The planktons

23:54-1:00 Ksmet Orcestra

1:01-2:00 Dj HSP

Четврток:

20:02-20:38 Кољо-Drunk flow
Кољо е артист кој доаѓа од Скопје и е член на групата Дранк флоу. Дранк флоу постои од 2006-07, а жанровски спаѓа во рап музика.

20:39-21:46 Chill out

Ивана Ѓорѓевска – вокал
Владимир Ралевски – гитара
„A сега имаме и еден Француз у комбинација – Батист Сарут мислам дека ќе дојде на нашки (Baptiste Sarrut) – перкусии (кањон)
освен французов, другиве сме од Тетово.“
свириме се’ – рок, поп, реге, рап…

chill out

21:47-22:41 Metanoia
Метаноиа е прогресивен метал бенд од Скопје кој постои од летото 2015та година и се состои од: Михајло Вуковиќ (вокал), Дарко Стојанов (тапани), Анастасија Крстевска (бас), Стефан Алексовски (клавијатура) и Петар Саркањац (гитара).
Можете да ги чуете на:

22:42-23:32 Conspiracy
Conspiracy е четверочлена група која свири комбинација на хеви метал и хард рок.
Бендот се состои од: Давор Капац, Иван Димишков, Стефан Трајковски, Милош Благојевиќ.
14182468_1103072696440358_183221596_n

23:33-00:36 Kolt
Колт е рок бенд од Скопје, Македонија, формиран во 2014 година од страна на гитаристот Томи Апостолов и басистот Никола Велевски – Ник. Нивната музика е хибрид од различни жанрови, вклучувајќи хард рок, алтернативен рок, панк-рок, прогресивен метал, џез и блуз.

kolt

00:37-2:00 Meet your maker

Петок
20:02-20:46 Ivan Ajnshtajn
20:47-21:40 Ex You

ex zou

Ex You е бенд од Кочани кој постои од Март месец 2014 година. Бендот свири Punk-rock музика. Досега има настапувано на неколку локации низ Македонија:
Во бендот членуваат:
– Воислав Петров – Гитара и вокал
– Валентин Станчев – Бас гитара
– Емил Милев – Тапани


21:41-22:41 Cursed heart

cursed heart

Cursed Heart од Куманово.


22:42-23:42 Khepurdat
Këpurdhat е млада инди рок група од Тетово.
Бендот го чинат: Шпетим Лутфиу (вокал), Флорим Шемшиу (соло гитара), Албер Ибиши (бас гитара) и Адмир Ибраими (тапани).

23:43-00:43 Voyvo band-Tur

00:44-1:45 Goldaragz

1:46-3:00 Kodra

vojo

Воислав Трајковски ака Кодра е роден во Скопје 1986. Почетоците, интересите и креативноста во музика ја започнува на 5 години. Активно запишува часови за свирење на ударни иструменти. Со целото негово искуство и можности на 12 години Кодра својот филинг го пронаоѓа во електронската музика. Враќајки се наназад од 2000 г стартува со продуцирање i Dj ing. на електронска музика т.е Progressive Psy Trance,Tech House,Techno KODRA 2009 г се преселува во Хрватска – Загреб каде неговата каријера ја гради со активно искуство на големи светски Фестивали,Клубови,Радио,Интервјуа и соработка во ЕУ. Трајковски заедно со Dj RFL од Загреб во 2012 оформуват Tech House project и во 2013 Март својата каријера ја презентират на светско ниво со релазација на албум за Ibiza т.е продуценска куќа Panmusic Club Ibza-London in March 2013. Овој пројект е карактеристичен со динамичен ритам, футуристичен звук и моќни брејкови финализиран со HD sound.Својата вештина и талент со Ударните иструменти Трајковски успешно го вклопува во овој пројект. Воислав своето искуство од 2009 -2015 го архивира со преку 300 настапи.
Kodra во 2015 се преселува во Италија – Удине и започнува нова соработка со познатиот Италијански продуцент,Dj Vicky Merlino од Roma и оформуваат нов Progressive Tech -Trance project Alien Visitors.Овој проект е во реализација за Амстердамската електронска сцена.Во 2016 овој проект се презентира во PANAMA Tribal Gathering
Средината на 2015 Трајковски се преселува во Амстердам и активно продолжува да ја гради својата кариера со нов футуристичен т.е револуционерен звук и учествува на светско познати фестивали и клубови.

Сабота

20:02-21:02 Swatowski

Немавме како да го дефинираме она што Мац го имаше како замисла за бендот Сватовски па правецот кој бендот го “свири” се осмеливме да го наречеме дисхармоничен меланхо – панк.
Според информациите кои ги знаеме за Марјан Китановски Мац (член на бендовите Тотално опуштање и Културно Уметнички Работници) тој е сват ( https://rabotnici.bandcamp.com/track/s-w-a-t ) , а оние неколку жени кои се членови на бендот Сватовски и кои тој неизмерно ги почитува се сваќи. Пред се’ овие сваќи се музичари “наивци”, нивните настапи се претежно производ на импровизација и меѓусебна комуникација на сцена со сватот.
Девизата на бендот е “никој не те сфаќа, сват ко што те сфаќа”
Имаат настапувано на Д фестивал 2015, Пиволенд 2015, Бела ноќ 2015, Земјотрес 2016, индивидуални настапи во клубот Wire, МАН награди 2016 …
Членови: Марјан Китановски – гитара и вокал, Сања Данчевска – бас, Буба Бадемова – бубањ, Весна Митреска – дајре, вокал и бубањ, Сашка Русјакова – вокал, Сара Костадиновска – вокал

????????????????????????????????????

????????????????????????????????????

21:03-21:50 B.C Generacija

21:51-22:51 Revolt

22:52-23:42 Spectrum

Spectrum e Progressive Metal бенд од Скопје со иновативни влијанија и од други поджанрови.Формиран е од страна на Александар Јарчевски (бас гитара) и Стефан Митев (гитара) во Октомври 2015та со идеа да се создаде нешто креативно за музичката сцена. По одредени дополнувања и промени во составот, во Јануари 2016та се приклучуваат Филип Мирчевски (тапани) и Стефан Петановски (гитара). Spectrum настапи на Алтернативно Скопје #3 и Алтернатива Connection #2. Бендот наскоро ќе го снима својот прв албум!

23:43-00:39 Unending fury

00:40-1:50 Full stop

fullstop

Fullstop е бенд од Скопје кој е формиран во 2008 година. Нивното влијание се бендови како Mutemath, Arctic Monkeys и Black Keys. Нивниот стил е алтернативен рок.
Членовите на бендот се Аријан Јусуфи (гитара), Омер Идризи (тапани), Lis Асланај (бас гитара) и Agnesa Cavolli (вокал). Во моментов подготвуваат свој прв албум.

1:51-4:00 Genesis

Недела
21:01-21:50 Lirikoven piroman Rap pozitiv

21:51-22:41 Kriv skroz

22:42-23:32 Skopje crew (SKC)

Skopje Crew (SKC) е рап група од Скопје која постои од 2009-та година. Од самите почетоци, SKC промовира песни кои спаѓаат во жанрот на Underground Hard Core Hip Hop.
SKC брои настапи на повеќе настани, од кои како најважни би ги издвоиле: Лузер Фест, Демо Фест, Хип Хоп награди (на кој освоија награда за најдобри дебитанти во 2010), како и Меморијален Хип Хоп собир во чест на Филип Босс на кој се домаќини секоја година.

23:33-00:19 Krtot
Ненад Јовановиќ aka Кртот од Скопје – Чаир. Главна преокупација му е Mc, познат и како Битбоксер ( Прогласен од страна на ХипХоп Македонија – 2009 за Битбокс Шампион ). Снима активно и издава материјали од 2006 година. Повеќе настапи во Скопје, како и неколку низ Македонијa:

2010 – Микстејп – Кртот и Секачот – За Пријателите
2015 – Соло Албум проект – Лоботомија – Продукција – Master Yo

Ќе настапi со negovata екипа, именувана како BAMJA WU koја ја сочинуваат – Крт , MasterYo (Климент Ѓорѓоски ), Sokoli Maestro ( Кристијан Соколовски), Kitesco (Филип Китевски)

00:20-01:00 Puka kozmetika

01:01- 2:00 Dj Ye Ya

Категории
Промо Бустање

ПОВРЗАНО