Интервју со АвторизацијА

Интервју со АвторизацијА

во интервју велешко-светиниколската екипа го најавува својот албум

БлаБла: Кои се Авторизација?

Авторизација: Најпрво, ние сме Авторизција од Велес и дел од Св.Николе, групација (тим) кој е создаден некаде крајот на 2009-та почетокот на 2010 год. почнувајќи со 10 членови поделени на групи, соло артисти, битмејкери и продуценти во тоа време.

БлаБла: Како е денес?

Авторизација: Денес е малку поинаку, стварите се сменети, но сепак Авторизција сеуште функционира како ХипХоп ТИМ . Моментално Авторизција брои 8 членови, Велешко/Св.Николски млади момци, производ на старата школа, Симе, Урбански, Пикси, DJ Попај, Леон, Дико, Саша и Нешо, од кои меѓу нив имаат влог во сето ова што се дешава во кариерата на Авторизација Бојан , Владимир Јаневски (ова е наш Владо не оној што мислите),и Темелко Андреев ака Авторот.

БлаБла: Што имате издадено до сега?

Авторизација: Во текот на сите овие години Авторизација вадеше синглови кои излегоа во етер , но само еден албум излегол во етер од неа, а тоа е албумот на Пикси “Овчеполста у Куќата”. Но Дојде и времето Авторизација да го издаде Албумот (компилацијата) за која ќе зборуваме сега. 

БлаБла: Кажете ни повеќе за албумот…

Авторизација: Албумот е проект во кој учествуваат сите членови од Авторизација, а  звукот што го нуди Албумот наликува на АВТОРИЗАЦИЈА и како што доликува е во свој стил, а носи со себе име “UBI-TON” . Убиј со уникатен тон за да не им крварат на слушателите ушите од лоши звуци и лирики … 

БлаБла: Колку песни има албумот и планирате ли и видео наскоро?

Авторизација: Албумот содржи 20 песни а ќе носи со себе 2 или 3 видео зписи од кои еден од нив ќе излезе промо пред компилацијата заедно со носечката песна “UBI-TON” со DJ Strajk.

БлаБла: Кога планирате да излезе албумот и ќе имате ли гостувања?

Авторизација: Да сме живи и здрави во план е да излезе во етер пролетта некаде крјот на Март. Гостувања нема да има многу на албумот, единствено тие што имаат придонес на албумот, а од страна се DJ Strajk, DJ Goce S.A.F, Kiskinov i Angelo od SKC.

БлаБла: Со која издавачка куќа планирате да соработувате и кога ќе ве гледаме во живо на концерт?

Авторизација: Во делот на издавање (Тоа е отом потом), албумот ќе се движи преку “ШУРИКЕН РЕКОРДС”. Работиме на случајот, работиме на албумот, не го брзаме за да не се десат некакви пропусти во него, па здравје на пролет правиме еден ивент за промоција на истиот иии….. ќе ве чекаме на дружба заедно да го натопиме во ЛАС ВЕЛЕС.

БлаБла: Благодариме за интервјуто и се гледаме на промоција!

Авторизација: Голем поздрав до вас БЛА БЛА Телевизија и до сите оние музичари, кои сакаат да чујат производ од домашни артисти.

Категории
интерВЈУПромо Бустање

ПОВРЗАНО