Интервју со Марчело – иновативниот српски рапер

Експериментирањето во областа на хип хопот за Марчело никогаш не било далечно. Уште пред една деценија тој беше обвинет за „ерес“ од страна на тврдокорните љубители на овој музички жанр, кога за првпат ќе воведе свирење на музички инструменти во живо на неговиот втор албум „PUZZLE SHOCK“ Во песната “Uskurativna” од тој албум Марчело поставува нови стандарди во жанрот за овие простори, и тука се гледаат првите траги од неговата фасцинираност од слободните форми на џез музиката.

Имавме можност да направиме кратко интервју со овој иновативен српски рапер, по повод на концертот во Хавана на 9. април.

За што зборевме, прочитајте подолу.

Marchelo-02

  1. Колку долго не си бил во Македонија?

-Хм, има неколку години, но кога последен пат доаѓав во градот веќе беа направени сите овие промени. 🙂 Како пред тоа да сум доаѓал во сосема поинаков град, навистина беше чудно да се види толку сменет. Меѓутоа, духот на луѓето остана ист и убаво си поминавме, како и секогаш. Одвај чекаме повторно да ве посетиме, особено повторно во Хавана-каде публиката еднаш создаде дупка на патосот со скокање. Ова се случи само во Скопје и на ниту едно друго место, никогаш повеќе. 🙂

  1. Што има ново кај Марчело?

-Па, завршив после две години работа, една голема авантура: превод и адаптација на целосниот стрип „Локот и кључ“ за издавачката куќа Дарквуд, тако што сега сите шест книги се објавени и достапни за читателите. Ова нормално нема да направи сосема да ми простат што не работев доволно на новиот роман, бидејќи никогаш нема доволно читатели на стрипови-стрипот, за жал и понатаму се третира како несериозна работа, а не како уметност. На Балканот сите уметности се третираат несериозно, стрипот пати само за нијанса повеќе од другите. Во меѓувреме со бендот заедно собираме енергија за нов албум кој го планираме кон крајот на годината. Јас, пред сé, морам најпосле да се откачам од својот апсолвентски стаж: години на занес ме одвлекоа од тоа преку секоја мера, и ете: кога ќе погледнам наназад, многу работи се имаат правено, но ова не. Многу е тешко ова да се работи истовремено со новиот роман, ама еј, човекот секогаш може да ги погледне интервјуата на Р.Р. Мартин кога му треба професионален изговор за доцнењето на книгата. 🙂 Не го обвинувам, во право е кога ќе каже дека работите едноставно не се готови додека не се готови.

  1. За еден хип-хопер е битен текстот, бидејќи носи одредена порака. Колку е битна пораката во музиката?

-Хип-хопот oдамна функционира и без порака, еволвуирал и се разбрани на сé и сешто, најмногу на индустријата на забавата (што не е нужно лошо; не е нужно ни добро). Вистина, дел од моето пишување е и ќе биде пишувањето на ритамот, но одамна не се доживувам себеси како рапер, ниту тој жанр како движечка сила. Но, да, пораките се и ќе бидат она што ме интересира- правење песни без вистинска идеја и поанта нема смисла, особено денес кога луѓето од сите страни се преплавени со многу музика: се обидуваме секогаш на слушателите да им дадеме причина да не слушаат токму нас. Ова не оди доколку не си сам сигурен зошто правиш некоја песна, со што таа заслужува да биде предмет на чие било внимание. Со секој следен албум ова станува релативно потешко, но не и невозможно. Во тоа е некако и клучот: постојат автори кои ништо повеќе не сакаат да кажат, но и понатаму создаваат како според некоја духовна навика, како во бракови кои одамна немаат никаква хемија, само никој нема сила да го каже тоа на глас и да батали. Не можам да знам дали ќе направам уште 10 албуми или пак ниту еден (улицата ми е лошо реконструирана и може да ме згази кола во кое било време), но сосема е сигурно дека никогаш нема да работам онака, чисто да работам.

  1. Од Вардар до Триглав, сите го знаат Марчело, како се носиш са популарноста и дали некогаш си ја искористил за да се извлечеш од одреден проблем?

-Не, нормално. Еднаш кога го скршив рамото, еден лекар ме препозна и ми го сними рамото без упат, но не преку ред. 🙂 Рака на срце, кога си тука повеќе од деценија тоа прави повеќе луѓе во етерот да го познаат твоето име или лик, но тоа не е исто што и вистинското познавање на она што го правиш. Сé што правам – и  музика и книжевност, и стрип и малку театарско искуство во последниве години-воглавно кај нас се сфаќа како алтернативна работа, маргинална во однос на Фарми, Парови или дневна политика, па тоа навистина не е баш некое селебрити битисање. Селебритисање:) Јавноста е, во својата основа, многу зло место, ламија со илјаду зборлести глави, ружна и нужна последица на она со што се занимавам и така и ја третирам. Дали секој што пишува сака да го читаат? Се разбира. Дали секој што создава музика сака да биде чуен? О, да. Но ако тоа е популарноста, тогаш многу повеќе ја замислувам како читање на роман во 4 сабајле или слушање на музика во соба со малку светло; од една страна тоа, од друга страна средбите со публиката на книжевните вечери и концертима. Тоа е она убавото. Сите останати аспекти на “популарноста“ за мене се терет, и велам, нужно зло.

marcelo-rap

  1. Што можат да очекуваат фановите од Македонија на 9.април?

Интересен облик на нашиот настап: тука сме Нена, Мишко и јас како вокали, Фиќа на виолини, Раде на грамофон и клавијатура. Ова ни е скратениот состав, за оние прилики кога поради одредена причина не можеме да дојдеме како целосен бенд. Но се погриживме и оваа верзија на настапот да биде богата и силна, и не радува што ќе ја претставиме на Македонците. 🙂 Акцентот ќе биде на последниот албум, но, се разбира, ќе свириме и песни од сите други албуми.

  1. Дали си слушал македонски рапери?

-Искрено, како што веќе кажав, одамна не пратам, едноставно други работи ми се во фокусот на интересот – но секаде низ Балканот има одлични нови сили, кои одамна не имаат преминато со “flowot“ 🙂 Така и треба и тоа што не пратам никако не значи дека не им посакувам среќа на новите, талентирани луѓе– никогаш немаме завршено голем белградски концерт без да претставиме некој нов. Сигурен сум дека и кај вас има такви изведувачи и автори.

Се гледаме во Хавана на 9.Април!

Категории
ВЈУинтерВЈУПромо Бустање

ПОВРЗАНО