Концертна сезона на Бла Бла ТВ

Почнува концертната сезона на Бла Бла ТВ!

Секој четврток, почнувајќи од 21:00ч, ќе имате можност да гледате концерти на македонските артисти и бендови на Бла Бла ТВ.

Утре на програмата на Бла Бла ТВ не очекува банда виртуозни музичари предводени од Михаил Парушев: Parussion group ensemble, од проектот наречен Кавалиус. Музиката ја потпишува Парушев, затоа уживајте во кул македонски џез ритми со маестрална изведба, во живо од МКЦ, Кино Фросина.

Вклучете ги сите сетила и гледајте македонски концерти на Бла Бла телевизија.

Следуваат:

Blla Blla Blla: Refugees welcome
Chromatic point live @ МКЦ
Tempera live @ Станица 26
Tavitjan brothers play classics @ МНТ
Bernays Propaganda live @ МКЦ
Gang Starr Foundation live @ МКЦ

Категории
ПРОГРАМАПромо Бустање

ПОВРЗАНО