ЛИРИКОВЕН ПИРОМАН со ново интересно видео за КРИСТАЛЕН МЕД

Младиот скопски рапер Лириковен Пироман кој е дел од екипата Inklingz го промовираше пред скоро време своето најново соло видео.
Се работи за новата трака наречена „Кристален Мед“, а истата е во продукција на Lux Kmala.
Како што кажува и самиот артист: „Периодов сите ние конзумираме големи дози на Кристален Мед. Тоа е она навидум слатко и убаво, што ни го сервираат од ГОРЕ, “MЕД” кој ја дисторзира реалноста и ја поткрепува илузијата за македонската утопија. Кристален Мед е креиран термин, игра на зборови со дрогата crystal meth, кој не прави зависни и ни создава нова реалност во маргините на веќе постоечката. Сите ние конзумираме Кристален Мед на овој или оној начин.“
Видео обработката е на: Давид Марковиќ – камера и Никола Велковски – видео.
Уживајте во спотот:

извор

Категории
Промо Бустање

ПОВРЗАНО