Македонската Алтернатива низ Историјата

Македонската Алтернатива низ Историјата

Минато, сегашност и иднина!

Во очи на вторите Македонски Алтернативни Награди да се потсетиме на Македонската историја во која алтернативата зема значајна улога во оформување на филосовско-креативната тенденција за да се издигне од воспоставените норми и правила и да го крене разбирањето на човештвото на повисок степен.

На сите им е познат развојот на Македонската алтернативна сцена во 60-тите и 70-тите години од минатиот век но за да имаме вистински увид на прапочетоците на алтернативната мисла на Македонската земја ќе треба да се вратиме отприлика еден милениум наназад. Пред одприлика 1 000 години кога во црквите се пеело само на старо-грчки и на латински, солунските браќа Кирил и Методиј седнале, направиле азбука, ја превеле библијата и почнале службата во црквата да ја водат на разбирлив јазик и говор за локалното население. Локалното население не било баш толку локално па тие ја прошириле азбуката и на север па така наскоро ја опфатило централно-источна Европа. Македонската алтернативна азбука била доусовршена (ревидирана) од Климент, а за другар му Наум знаеме дека е првиот ха-це автор од овие територии, затоа што не се потпишувал под делата туку користел псевдоним.

Кирил и Медодиј

Дури и за времето на Османлиската империја живеела алтернативата, а својот зенит го доживеала за време на Македонската преродбеничка школа во која имаме истакнати дејци, кои успеале да направат алтернативен правец, подостоен од правците кои ни ги нуделе нашите соседи и со арно и со лошо.

Григор Прличев

За време на ослободувањето на Европа од фашизмот во II-та Светска Војна, Македонската алтернатива се буди со творење за социјални теми, теми кои никогаш не беа страни за Македонската алтернативна мисла и културно-цивилизациски допринос за човештвото, кој му ги има дадено.

Коста Солев Рацин

Од ослободувањето 45-та до 90-та година Македонската алтернатива го доби својот квалитативен процут, кој после независноста во 91-ва доби и квантитативен импулс. Во 90-тите од минатиот век Македонската алтернатива го доживеа најголемиот бум, кој низ годините беше уништен од менаџерите кои работеа со македонските алтернативни уметници, највеќе заради неразбирањето на тоа што треба да го прават, а многу и заради нивната алчност да го искористат уметничкиот труд материјално и откако нема да им треба да го фрлат во буниште. Затоа, Македонската алтернатива беше тргната на маргините и беше оставена сама да се бори во нееднакви услови на пазарот. Како уметноста да има пазарна вредност!? Тоа е начинот на менаџерите и денес, кои профитот го гледаат пред општествената корисност и културната едукација на населението, која е насушна потреба за секоја цивилизирана заедница.

Бис Без

Во 15-тата година од новиов милениум, младиот тим на Бла Бла – Урбана Телевизија почна да создава нов бран во Македонската алтернативна историја, буткајки ја на мускули идејата дека Македонската алтернативна сцена, која никогаш не била сиромашна од креативен аспект ќе добие простор во етерот, каде ќе може да ја обзнанува својата работа и неисцрпна инвентивност. Нов однос на медиумот со сцената, каде уметниците нема да бидат уценувани за да бидат објавени туку напротив ќе бидат поттикнувани да создаваат повеќе и поквалитетно.

Бернајз Пропаганда

Со здружувањето на целата алтернативна сцена се роди и потребата еднаш во годината таа да се собере на едно место, каде самата себе ќе се награди со добра музика и добра забава. Во сабота 28 мај, Македонската алтернативна сцена ќе се собере по втор пат за Македонските Алтернативни Награди, празникот на слободата, денот на љубовта, верата и надежта за поубаво утре.

man3

 

                                Зоран Велковски-дипл.музичар и алтернативец

Категории
Промо БустањеШуш - Буш

ПОВРЗАНО