Металика со нови песни после 8 години!

Легендарниот треш метал бенд Металика го објави новиот сингл “Hardwired”, кој ќе се наоѓа на албумот “Hardwired … To Self-Destruct”, кој ќе биде објавен на 18 ноември. Долго очекуваниот наследник на “Death Magnetic” од 2008 година ќе се појави како двојно CD и винил верзија, која ќе содржи речиси 80 минути музиката.

Албумот, исто така, може да се нарача преку нивниот официјален веб-сајт во различни верзии, кои вклучуваат CD, винил, дигитална верзија…За ова единаесто студиско издание од бендот велат дека ќе ја претставува следната фаза на патувањето на Металика.

Според порталот Blabbermouth, тапанарот Ларс Улрих неодамна за новиот албум рече: “Дефинитивно звучи како Металика но помалку жестока од последниот албум.”

Улрих, исто така, се осврна и на темите и најдолгата пауза (осум години) од последниот албум: “Мислам дека нашите семејства и домашните обврски станаа многу важни, па имаме нов модел на работа. Некако постојано правевме нешто.”

metalika

Категории
Промо Бустање

ПОВРЗАНО