Млади за Скопје #5 – Концерт на The Local Blue

Млади за Скопје #5 – Концерт на The Local Blue

Cóntact 59 ✔️
Metanoia ✔️
Мариналеда ✔️
The Planktons ✔️
Нареден бенд што ќе го раздрма Скопје се The Local Blue.

– The Local Blue
The Local Blue се инструментален рок бенд од Скопје, Македонија. Формирани се во 2016та година. Во бендот свират Кристијан Новковски (тапани), Владимир Бичковски (бас) и Кристијан Савиќ (гитара). Инспирирани од Clutch, Ali Farka Touré, Jimi Hendrix, Rage Against the Machine и многу други андерграунд стонер и сајкеледик артисти, буквално ја трансфомираат цела енергија на сцена и не оставаат никој рамнодушен.

Распоред:
22:00 – 23.00 DJ сет на Димитар Тодороски (Канал 103, Млади за Скопје) post-punk, darkwave, grunge Nevermind
23.00 – 00.30 Концерт на The Local Blue

Карти во претпродажба (билетара МКЦ): 100 ден.
Карти на денот на концертот: 150 ден.

Што е Млади за Скопје?

Серијал на концерти на кои целото внимание е насочено кон еден бенд. Концертите претставуваат супер место за да се видат многу млади, нови бендови, да се чуе што имаат тие да пренесат и да се доживее форма на уметност која потекнува од самите гаражи. Млади за Скопје служи за дружење на истомисленици, луѓе што ја сакаат музиката, уметноста и одењето на концерти. Давање до знаење дека постојат многу квалитетни бендови што за жал само малкумина чуле за нив. Место каде што после напорен ден, недела, месец можеш да одлепиш и да си ги наполниш батериите. Разменување
искуства и креирање на појака домашна авторска сцена.

Категории
Промо Бустање

ПОВРЗАНО