Млади за Скопје #6 – Концерт на Spectrum

14500342_567007730165451_4704979460415425386_oSpectrum е progressive/core метал бенд од Скопје, Македонија кој е формиран во почетоците на 2016та година. Под влијание на многу други жанрови, експериментирајки со од една страна поагресивен звук, а од друга со помек, помелодичен и атмосферичен стил тие ја креираат својата униката и модерна музика која во последно време има се поголем раст во глобалната музичка сцена.

Spectrum е инструментален бенд составен од: Филип Мирчевски кој свири бубњеви, Стефан Петановски кој свири соло гитара, Стефан Митев кој свири ритам гитара и Александар Јарчевски кој свири бас гитара.

Како бенд располага со музика којашто го привлекува вниманието на различни големи групи, од поддржувачи на помирната, помелодична до поддржувачи и на поагресивната музика. Со нивната динамика тие умеат да ги раздвижат но и наежат своите слушатели.

На 06.04.2017 тие имаат самостоен концерт во бифето на Кино Фросина во МКЦ, поддржано од “Млади за Скопје” како организација. Концерт за симболична цена од 100 денари, а за возврат 2 часа музика. Дојдете заедно и подржете ја локалната сцена!

Категории
Промо Бустање

ПОВРЗАНО