М.А.Н. 2-ри бидна ќе има ли трет ?!

М.А.Н. 2-ри бидна ќе има ли трет ?!

7 Дена до МАН-Официјално Драшко Фучич не е водител на МАН, водители се..

Како и минатиот мај така и овој изминат на 28 се случија по втор пат МАКЕДOНСКИТЕ АЛТЕРНАТИВНИ НАГРАДИ – М.А.Н.

????????????????????????????????????

????????????????????????????????????

????????????????????????????????????

????????????????????????????????????

????????????????????????????????????

????????????????????????????????????

????????????????????????????????????

????????????????????????????????????

????????????????????????????????????

Во градскиот парк, на школката имаше повеќе од 30 настапи на македонски бендови, артисти и диџеи – Стринг Форсис, Флукс, Игор Џамбазов, Диџеј Славе, Ле Колони Волвокс, Новиот Почеток, Визија, Бернајз Пропаганда, Зад Аголот, Авторизација и многу други. И повторно се доделија награди за особен придонес и развој на македонската алтернативна сцена 18 на број – Флукс, Игор Џамбазов, Јаков Дренковски,  Диџеј Гоце, Синтезис, Леб и Сол, Диџеј Славе, Пука Козметика, Легијата, Пепи Ренџов, Бадмингтонс,  Д Хип, Паркети, Чоканче, Љубојна, Совршенатело Наука, Тотално Опуштање,  Диџеј Томе Рутбој, но и награди за најдобар видео спот Зад Аголот – “Спас им нема”, за концерт – С.А.Ф., за песна СМАТ- “Додека Сонував”, за албум- Страјк – “Земен Рај” , Млад Артист – Алфа,  за турнеа – Бернајз Пропаганда, за евергрин –Раце Горе (С.А.Ф.) , за влијание – Архангел, за графити артист Страјк, за тату артист Емилија Пендева, за алтернативен гостин – Дубиоза Колектив, за музички филм – Сложувалка, фестивал – Таксират, промотор на македонската музика надвор- Кирил Џајковски. Се гледаше финале лига шамиони( причината за помалата посетеност 🙁 ), се пиеше по најалтернативни цени, се играше и пееше и се славеше македонската музика, уметност и култура.

СЕ Е ТОА ВО РЕД, НЕГО ИМАМЕ ДИЛЕМА

????????????????????????????????????

????????????????????????????????????

????????????????????????????????????

????????????????????????????????????

Ние како организатори сме пред се презадоволни од поддршката од артистите,музичарите и алтернативните дејци на Македонија  и голем  “ДЕЛ” од посетителите, но мора тука малку јавно да се исплачеме за одредени работи кои ни беа трн во нога,ортома на врат,  работи за кои мора да размислиме и да одлучиме дали воопшто треба да се прави МАН?

ДАЛИ НИЕ САМИ МОЖЕМЕ ДА ГО НАПРАВИМЕ МАН 3-ти ?

????????????????????????????????????

????????????????????????????????????

Најголем проблем ни е тоа што втора година по ред сме во финансиски НОКДАУН и остануваме кратки за неколку илјади евра, за да ги покриеме трошоците за оддржување на манифестацијата(ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД). Ние и така сме полу ентузијастички работници и ова повеќето од нас го прават ГАГА(ИЛИ КОЛКУ ДА ИМА ЗА ЏОИНТ И ПИВО). Немавме интернет до вчера(работевме од дома), немавме пари да го платиме 🙁 , го исклучија. Поддршка добивме од неколку фирми во роба која ја продававме со мала заработка (сепак многу од луѓето пиење си носеа од дома и од малските дуќани 🙁 , за 20-30 денари поефтино се надевам заштедија по сендвич).

Многуте гости и артисти, нека се живи и здрави попили си пуно 🙂 од спонзорското пиење, за на крај да неможеме да си дозволиме повеќе пиво да частиме :(, вино ,ракија, конјак, водка имавме :).

Сепак никој од артистите кои настапија не зема хонорар, ниту побараа од нас такво нешто.

13268003_1083495615052754_8437069065206882826_o

Институциите (Град Скопје и Министерство за Култура останаа неми (ние всушност незнаеме да дојдеме до тија паре – фондове), фирмите мислат дека е некоја мала дешавка па ни дадоа по нешто ситно(во роба – кеш никој не даде, а у роба не се плаќа озвучење, беклајн и тонец, камиони и персонали, струја, простор и све остало), цените по кој го продававме пиењето беа ко од 90-ти,

man

па на крај кога ми правиш живели со 1.5л пиво пластика тешко ми паџа пошо треба да се раздужуеме по луѓе и фирми(разбирам и на вас не ви е лесно со буџетот да се напраите кома, но помислете малку и на нас и на МАН и на артистите кои по многу години работа добиваат признание). За разлика од минатата година оваа очајно се продаваше и мерчот а.к.а. робата на МУЗИЧАРИТЕ( ЗА КОИ ВЕЛИТЕ ГИ ПОДДРЖУВАТЕ, А ЕДВАЈ ЧЕКАТЕ ДА ЈА СИМНЕТЕ НА МП3 ОД НЕТ – КУПЕТЕ ЦД ИЛИ ПЛОЧА ТАКА ЌЕ ИЗРАЗИТЕ НАЈДЛАБОКА ПОЧИТ ЗА НИВ)

????????????????????????????????????

На озвучување и сценски елементи не штедевме и несмееме да штедиме ако сакаме да биде на ниво достојно за оваа прослава, наградите кои се рачно изработни исто така се доста финасиски тешки, откуп на простор, персонал, струја и стујаџија, утовар – истовар, камиони,  а богами и други 100+ трошоци( маички ова година не правевме, заштедивме 400 евра).

Покрај се ние и сами незнаеме како ќе ја истераме оваа втора година на БЛА БЛА ТВ, се намали тимот на пола, едвај покриваме кирија, сметки и плати, а од спонзори до сега само пријатели не поддржале и тоа ситно и мизерно.

MAN 2 LOGO

 

Нејќевме да сме патетични, но ова поечко не се ИЗДРЖУЕ,  или ќе добиеме поддршка или ќе ЗГАСНЕМЕ, КОБУРИМЕ, како сите наши предходници и соборци за квалитетна, македонска КУЛТУРА – ЦЕНТРАЛА, КАНАЛ 103, ЏЕЗ ФМ И ДРУГИ.

Затоа секоја помош е добредојдена, немора да е финансиска, може да е во било кој облик, ПР. Ако го праиме МАН 3-ти, да дојдат луѓе да помогнат со утовар-истовар( ние бевме во парк од четврток и си отидовме во понеделник), со организација, со работа, СО ПИЕЊЕ ОД НАШИТЕ ШАНКОВИ !!! Пишувајте текстови, праќајте соопштенија, ширете го зборот !!!

АКО НЕ НИ ПОМОГНЕТЕ ВИЕ (НАШИТЕ ЛУЃЕ), НЕМА КОЈ ДРУГ

Сега остануе само да испоштуеме со рекапитулација и видео од МАН 2-ри, да се досоземеме пошо не сме се прибрале и да очекуеме поповолни ветрои да дувнат.

МАН 3-ТИ МАКЕДОНСКИ АЛТЕРНАТИВНИ НАГРАДИ НЕМА ДА ИМА АКО НЕ ДОБИЕМЕ ПОДДРШКА !!!

ЌЕ ОСТАНЕ(ОДНОСНО ЌЕ ЗГАСНЕ) И ОВА ИСТО КО И ДРУГИ ЈАКИ СРАЊА 🙁 ИНИЦИЈАТИВИ, ЕМИСИИ, РАДИО И ТВ, КОНЦЕРТИ, ФЕСТИВАЛИ, НАСТАНИ, КОИ СЕ ДЕСИЛЕ И УМРЕЛЕ.

КОЈ Е КРИВ ? КОЈ Е ОДГОВОРЕН ВРЕМЕТО ЌЕ ПОКАЖЕ…

man2 MANOWAR ќе ја завршат кариерата man

Категории
Промо Бустање

ПОВРЗАНО