На 1 ви април Брука бенд слави една година постоење

lav brooka

Брука бенд слави една година од формирањето на 1-ви април. Тие веста за својот роденден ја објавија денес, едно за да не бидат сватени дека се заебаваат,  второ да дојдат што е можно помалку гости за дување свеќички . Бендот кој е релативно кратко време на македонската алтернативна сцена веќе имаше неколку впечатливи настапи на Пиволенд 2014 и на роденденот на Боб Марли 2015, а најново од нив е пуштањето на првиот официјален сингл –До Преѓе со видео запис кој се очекува да биде промовиран идната недела  .

Темата зборува за прељуба и за тоа како за миг може да се изгуби доверба и љубов .

spot02 spot03 spot04 spot05 spot06

Видеото е снимано на неколку локации- Во Автобус бр.22, во Студиото на Бла Бла ТВ и во Ресторан , а освен бендот во него се појавуваат водителот и шоумен Виктор Петров –Викса, Александра Томиќ, малиот Андреј, како и Мери Ѓоргиевска и Иван Николовски ( Водители на Бла Бла ТВ).

brooka logo

Бендот го сочинуваат: Близнаците од рап дуото Пука козметика- Чико и Буциман како вокали, грувот го дава Маестро Зоран Велковски –Зуро на Бас, за ритам  гитара задужен е Кришо, бубњевите ги рока Јо Џагата од Делчево, брас секцијата ја дуваат Вали сакс,Џими труба, Нинич на тромбон(специјален гостин) и Бојан мали сакс, на клавијатура мелодира Стефчето, како и  диџеј Димитри Је Ја .

bruka logo 2

Категории
RelaxПромо Бустање
54 Коментари на постот

Напиши Одговор

*

*

ПОВРЗАНО