Ново видео на Дејвид Боуви

Дизајнерот Џонатан Барнбрук ја доби честа да го создаде видеото за песната „I Can’t Give Everything Away“. Барнбрук му беше долгогодишен соработник на неодамна починатиот пејач, Дејвид Боуви. Тој го дизајнираше каверот за албумот „Blackstar“.

Во видеото Барнбрук користи сличен пристап како и во своите уметнички дела, со користење на црна и бела боја се до моќната психоделична експлозии на бои.

Тој дал и трогателна изјава во која вели дека не се слави само музиката на Боуви со ова видео, туку и неговиот живот. “Ова е навистина едно мало, едноставно видео за кое сакав да биде до крајна линија позитивно. Започнуваме во црно-бел свет, но во последниот стих се пренесува спектар на бои кои за мене го слават Дејвид. Сакав да кажам дека и покрај тешкотиите со кои се соочуваме, како што се смртта на Дејвид, човекот по природа е позитивен и може да го искористи доброто од минатото како нешто што ќе му помогне во сегашноста.”

Категории
Промо Бустање

ПОВРЗАНО