Нов спот на Conquering Lion

Излезе официјалното видео за третиот сингл на Conquering Lion – „Natty Lion“ , од нивниот четврти студиски албум “Land Of Confusion“.

Албумот содржи 9 песни во комбинација на жанровите reggae, new roots и dub. “Land Of Confusion” е снимен и продуциран од страна на Гоце Трпков (С.А.Ф.) во периодот од Септември 2015 – Ноември 2016 во студиото “Basement Bootlegz Lab”. На овој албум гостуваат со соработка двајца интернационални реге артисти, Ras Zacharri од Јамајка и Fijahborn од Холандија. Останатите гости кои помогнаа во снимањето на овој албум се Кирил Крстевски на клавијатура, Стефан Пехчевски на клавијатура, Александар Илијевски “Шајо” на труба, Симе Златков на саксофон и Весна Илиќ Павлоска како придружен вокал.

Уживајте!

Категории
Промо Бустање

ПОВРЗАНО