Отварање на БЛОК КЛУБ – ново диско по светски стандарди

Скопје побогато за уште едно диско по светски стандарди.Ноќниот клуб „Блок“ се отвори на 18 април ( сабота). Од менаџментот ветуваат различна програма 4 дена неделно.

На отварањето не забавуваа Encoure,  нов состав на македонските хип хоп диџеи и продуценти:

Дј Давор
Иван Пси
Скит Скитара

Клубот има капацитет од 800 гости, направен е според светски стандарди, а со македонски цени. Присутните гости во клубот ќе можат да уживаат во голем број бенефиции и изненадувања, тематски забави како и пијалоци по промотивни цени. Саботата ќе биде резервирана за хип хоп, четвртокот за мини концерти на големи ѕвезди, средата за студентите на 50 % попуст, а петокот за познати диџејски имиња од електронската сцена. Веќе се најавени неколку одлични забави во наредниот период, забави какви што Скопје имало некогаш, какви што оние кои се постари паметат дека се случувале во Т.Ц „Мавровка“.

Категории
Промо Бустање
53 Коментари на постот

Напиши Одговор

*

*

ПОВРЗАНО