Отварање на јавен алтернативен простор – Бла Бла ТВ Клуб

Екипа како иде ?

Еве не пишавме нит прославивме 2 години од постоење на Бла Бла Тв (4 фебруари), со проблеми од типот на платен ли е нетот и како ќе се даде плата на луѓето, нит ни беше до славење нит до организирање на роденден.  Така замислени као да продужиме и да не бидеме уште еден добар, а финансиски неодржлив  проект ( ЦЕНТРАЛА, 103 КА, ЏЕЗ ФМ ), без да праиме хуманитарни (фонд рејзери) евенти од типот на дајте помогнете за да постоиме, соочени со напуштање на нашето дувло ( пошо газдата ќе го издава на други), се најдовме на раскрсница и бевме близу до откажување.

Но не е се така црно.

Случајно дознавме дека градска плажа Парк бара нови рентиери, по краток договор решивме да ја префлиме Бла Бла Тв на плажа и да основаме Јавен Простор и Клуб, каде би имало концерти, промоции, журки, а и водено би ја снимале нашата продукциска листа.

Епа другари ние сме на плажа и сонце не огрева.

Од 28 април и официјално сме во погон со концертот на еден од најдобрите млади бендови кај нас – ФОНИЈА, кои ќе имаат и гости од Србија.

Poster A3

Планот е до крај на септември да организираме заедно со македонската андергаунд сцена, концерти, забави и промоции. Веќе договараме и сме во преговори со многу бендови кои својот концерт би го правеле во Бла Бла Клуб. Воедно и најавуваме промена на концептот на Бла Бла Тв и го официјализираме со новиот  УРЕДНИК – АТАНАСОВСКИ ВАСКО, ќе има нови емисии и нов начин на објави за сцената.  Сакаме да одиме со емисии во живо, секако и дел од концертите би оделе во живо, ќе има и интервјуа и гостувања, дружење со нас и со македонската сцена.

Околу самиот клуб и паб, знаете дека сме од тие шо нејкат преку леб погача, па уште сеа можам да ви пишам дека преку ден ќе има ( кафе, сок и колаче за 100 -че ), пиво денски 70 денари, а 5 пива за 300 денари. Навечер ќе има и анимација на шанкот 50 % поефтино ако учествуваш во игрите кои се нудат, слем данк шот , beer bong, пиење на екс, буткање на рука и сл.

Навечер во клубот кои има 300 до 400 капацитет, ќе се наплаќа карта од која бендовите (артистите) ќе може да напраат некоја пара.

Планираме и денски матине забави за викендите и може скара некоја да падне.

На сите артисти им нудиме продажба на своите албуми и друг Мерчендајз, а воедно и ги покануваме да не исконтактираат за Концерт, Вју, Забава, Промоција и све остало !!!!

Сите промотери и луѓе кои прават забави или организираат концерти слободно нека не исконтактираат, лесно ќе се договориме 🙂

Планот е таков и се надеваме дека ова е успее и ќе не одржи во форма, зошто ентузијазмот не ДРЖИ  додека стомакот е празен.

Екипа ве чекаме на Бла Бла Тв, Бла Бла Пират Клуб, на плажа, на пиво, на концерти и на забави

П.С.

На 23 мај М.А.Н. македонски алтернативни награди на Школка, а секако до сабајле на плажа најавуеме АФТЕР ПАРТИ!

Категории
Промо Бустање

ПОВРЗАНО